Перце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Разновидни перца

Перце (тргалка или плектрум) — помагало со кое се тргаат жиците на еден жичен инструмент. Кај гитарите, бенџата и сличните инструменти, перцето е посебно помагало кое се држи во раката на свирачот. Кај чембалата, тргалките се дел од механизмот на инструментот.

Гитарски перца[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Гитарско перце.

Гитарското перце обично има облик на тесен остроаголен триаголник со заоблени ќошиња; најостриот агол е оној кој најчесто се користи за тргање на жицата. Такво перце исто е разично од напрсното перце. Тие се изработуваат од разни материјали, меѓу кои желкини оклопи и целулоид, но денес пластиката е најчестиот материјал. Големината, формата и дебелината варираат во значителна мера. Предметите како малите монети може да се искористат како замена за перце доколку се укаже потреба, и всушност Брајан Меј (гитарист од групата „Квин“) ја направил употребата на стара паричка (од шест пенија) дел од неговиот препознатлив звук.

Свирачите на бенџо и на гитара често носат метално или пластично палечно перце монтирано на прстен, и свирачите на блуграс-бенџо скоро секогаш носат метално или пластично напрсно перце на врвовите на нивните прсти, коешто понекогаш се користи и од гитаристите.

Поврзано[уреди | уреди извор]