Пертесова болест
Пертесова болест (LCPD- LEGG CALVE PERTHES DISEASE) е идиaопатска остеонекроза или идиопатска аваскуларна некроза на капиталната феморална епифиза на феморалната глава. Болеста „Лег калвеј пертиз“ е состојба која се јавува кога снабдувањето со крв во топчестиот дел (феморалната глава) на зглобот на колкот привремено е прекинато и коската почнува да слабее. Оваа ослабена коска постепено се распаѓа и може да ја изгуби својата тркалезна форма. Телото на крајот го обновува снабдувањето со крв на топчестиот дел на фемурот и топката заздравува. Но, ако топката повеќе не е тркалезна откако ќе зарасне, може да предизвика болка и вкочанетост. Целосниот процес на смрт на коските, фрактура и обновување може да потрае неколку години.[1][2][3]

Преваленца
[уреди | уреди извор]Се смета дека проценетата фреквенција на оваа болест е 1 лице на 250 000 население во Хонг Конг, 1 лице на 18 000 население во Обединетото Кралство.[4]
Етиологија
[уреди | уреди извор]Причината за Петерсова болест не е позната. Може да биде идиопатска или поради друга етиологија која би го нарушила протокот на крв во феморалната епифиза, како што е траума (макро или повторувачка микротраума), коагулопатија и употреба на стероиди. Тромбофилијата е присутна кај приближно 50 % од пациентите, а некоја форма на коагулопатија е присутна до 75 %. [5]
Факторите на ризик за Петерсовата болест вклучуваат:
- возраст – иако болеста може да влијае на децата од речиси секоја возраст, таа најчесто започнува на возраст од 4 до 10 години;
- пол – Петерсовата болест е околу четири пати почеста кај момчињата отколку кај девојчињата ;
- раса – белите деца имаат поголема веројатност да развијат нарушување отколку црните деца;
- генетски мутации – за мал број луѓе, Петерсовата болест се чини дека е поврзана со мутации во одредени гени, но потребни се повеќе студии; [6]
Симптоми и дијагноза
[уреди | уреди извор]Знаците и симптомите на Пертесовата болест вклучуваат:
- кривење, крцкање во зглобот;
- болка или вкочанетост во колкот, препоните, бутот или коленото;
- ограничен опсег на движење на зглобот на колкот;
- болка која се влошува со активност и се подобрува со одмор;[7]
Петерсовата болест обично вклучува само еден колк; кај некои деца се засегнати и едниот и другиот колк, и тоа во различно време;
За време на физичкиот преглед, лекарот може да ги придвижи нозете на детето во различни позиции за да го провери опсегот на движења и да види дали некоја од позициите предизвикува болка. Дијагностичките тестови, кои се од витално значење за дијагнозата на Петерсовата болест, вклучуваат:
- Рентенски снимки – почетните рендгенски снимки можат да изгледаат нормално бидејќи можат да поминат еден до два месеци откако ќе започнат симптомите за промените поврзани со Петерсовата болест да станат очигледни на рендгенските снимки; лекарот најверојатно ќе препорача неколку рендгенски снимки со текот на времето за да се следи прогресијата на болеста;[8]

- МРИ – при оваа технологија се користат радиобранови и силно магнетно поле за да се произведат многу детални слики од коските и меките ткива во телото; МРИ често може да го визуелизира оштетувањето на коските предизвикано од Петерсовата болест појасно отколку рендгенските зраци, но не се секогаш неопходни;[9]
Последици
[уреди | уреди извор]Главата на бедрената коска може да ја изгуби својата нормална сферична форма или да пропадне. Исто така, може да се појави дегенеративна болест на зглобовите (т.е. како што се случува кај остеоартритис). Зафатената нога може да стане пократка од нормалната нога и да се изобличи самото движење.[10]
Третман
[уреди | уреди извор]Кај оваа болест, целосниот процес на некроза на коските, фрактура и обновување може да потрае неколку години. Видовите на препорачани третмани ќе зависат од:
- возраста кога започнале симптомите;
- фаза на болеста;
- количина на оштетување на колкот;[11]
Неоперативен третман
[уреди | уреди извор]Многу важно е зглобот да се задржи во движење. Тоа е затоа што ’рскавицата на главата на бедрената коска зависи од течноста во зглобот, наречена синовијална течност, неопходна за нејзината исхрана. Движењето на колкот помага во тоа ’рскавицата да се снабди со оваа течност. Исто така, важна е и позицијата на главата во колкот, така што кога коската повторно ќе се формира, ќе ја има најдобрата можна и најокругла форма. Понекогаш, колкот на детето станува вкочанет и можеби ќе треба помош за да се задржи топката во рамки на зглобот. Лекарот може да препорача период на кастинг, зацврстување и/или физикална терапија за да помогне да се постигне ова.[12]
Хируршки третман
[уреди | уреди извор]Операцијата може да биде оправдана за лекување на Петерсовата болест, но често не се препорачува за деца под 6-годишна возраст. Идејата е да се задржи феморалната глава во ацетабулумот, т.е. во зглобот. За да се постигне ова, детскиот ортопед може да го промени аголот на коските на бедрената коска или ацетабулумот и да ги постави во анатомски поправилна положба. Оваа процедура, наречена остеотомија, овозможува феморалната глава да расте на својот нормален сферичен начин.[13]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ National Library of Medicine
- ↑ American Academy of pediatrics
- ↑ Journal of the AAOS
- ↑ American Academy of pediatrics
- ↑ American Academy of pediatrics
- ↑ National Library of Medicine
- ↑ Journal of the AAOS
- ↑ Journal of the AAOS
- ↑ American Academy of pediatrics
- ↑ National Library of Medicine
- ↑ National Library of Medicine
- ↑ National Library of Medicine
- ↑ National Library of Medicine