Перо Петрески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Перо Петрески
Роден 1917 година
Кнежино, Кичевско, Македонија под окупација на Србија
Починал септември, 1944 година
Кнежино, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација
Националност Македонец

Перо Митов Петрески ( 1917 во Кнежино, Кичевско1944во Кнежино, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бидејќи потекнувал од селско сиромашно семејство, бил принуден да оди на печалба во Белград каде учел трговско училиште. По окупацијата се вратил во своето село каде започнала неговата активност во народно ослободителното движење. Бил активен член на нардно-ослободителниот одбор. Поради партиската активност, во април 1944 година бил затворен во Кичево и по тешки малтретирања бил ослободен. Продолжил активно да работи, но во септември 1944 година бил убиен од балистите под селото.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 99.