Пернила Виберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пернила Виберг во декември 2011

Пернила Виберг[1] (15 октомври 1970) е шведска поранешна скијачка во алпско скијање и сегашна личност од деловниот живот на Шведска. Таа се натпреварувала по патеките во Светскиот куп помеѓу 1990 и 2002 година, каде што станала една од ретките победнички на сите настани, односно во сите скојачки дисциплини. Откако освоила два златни олимписки медали, четири светски првенства и една титула во Светскиот куп, таа била една од најуспешните скијачки во алпско скијање во 1990те години. На клупско ниво, таа го претставувала скијачкиот клуб Норшепинг СК. Родена е во градот Норшепинг во Шведска.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Откако на почетокот се натпреварувала без многу успех, на две јуниорски светски првенства во 1987 и 1988 година, Виберг својот успех на меѓународен план го остварила во раните 1990-ти. Во нејзиниот прв натпревар во Светскиот куп во Вемдален, Шведска, на 13 март 1990 година, таа завршила на 5то место во дисциплината слалом, а пет дена подоцна завршила на третото место во дисциплината велеслалом, но овој пат на терените во Оре. Во следната сезона, 1991 таа освоила три победи во Светскиот куп и златен медал во велеслалом на Светското првенство 1991 година во скијачкиот центар Залбах. Нејзиното злато на светското првенство во алпско скијање било прво за една скандинавка по цели 33 години.[3] До крајот на нејзината кариера во 2002 година, Виберг победила во дополнителни 21 трка од Светскиот куп, со што имала вкупно 24 победи на трките, вклучувајќи најмалку една победа во секоја од петте различни алпски дисциплини. На пет светски првенства таа освоила шест медали од кои четири златни, еден сребрен и еден бронзен.

Нејзината најдобра сезона била во 1996-1997 година кога победила на десет трки од Светскиот куп и ги освоила титулите во генерален збир, потоа во велеслалом и во алпска комбинација. Таа ја симнала од тронот севкупната победничка на Светскиот куп дотогаш Катја Зајзинџер со над 500 поени. Во дисциплината слалом била неверојатно доминантна со 5 победи (златни медали), 2 сребра, 1 бронза и победила на 4 трки од вкупно 9 во дисциплината слалом од Светскиот куп. Таа победила во најбрзата дисциплина односно во својот прв спуст во кариерата на Светскиот куп во финалето на Светското првенство, со што станала една од првите жени што некогаш победила на трките од Светскиот куп во сите 5 дисциплини. Пермила, исто така била во водство во Светскиот куп во дисциплината Супер Велесласлом сѐ до последната трка на која ѝ било потребно само да го освои барем 5то место. За жал таа не успеала во последната трка и така го изгубила првото место во Супер Велеслалом од Хилде Герг. Виберг го сметала Супер Велеслаломот за нејзинината втора најдобра дисциплина, најдобра секако по омилениот слалом. Супер Велеслаломот на Пермила Виберг и донел големи разочарувања во нејзината кариера бидејќи во минатото немала многу среќа. Како примери за сето тоа било 4то место во Лилехамер и направените грешки во сезоните 96 и 97 и несреќно губење на кристалниот глобус на крајот од сезоната ’97 во тој фамозен Супер Велеслалом.

Денес Виберг работи повремено како коментатор за алпско скијање на телевизијата СВТ.[4]

Олимпијади[уреди | уреди извор]

Пермила Виберг го освоила златото во велеслалом на Зимските олимписки игри 1992 година во Албервил и комбинираниот златен медал (во комбинација) во 1994 година во Лилехамер. На двете Олимписки игри, Виберг била најуспешниот шведски спортист.[5] Во 1998 година во Нагано, таа го освоила сребрениот медал во спуст. Виберг сметала дека ова достигнување е најдоброто во нејзината кариера.[6] На нејзината последна Олимпијада во 2002 година на 31-годишна возраст, таа не успеала да стигне до првите десет и завршила на 14-то место во спуст и 12-то во Супер Велеслалом. Олимпискиот Супер Велеслалом требало да биде нејзината последна меѓународна трка, бидејќи го соопштила своето повлекување неколку седмици подоцна по операцијата на колената.[7]

Награди[уреди | уреди извор]

Во 1991 година, Виберг го освоила златниот медал на натпреварувањето Свенска Дагбладет. Жирито на трката изјавило: „Сензационалната победа во велеслалом на Светските првенства, обезбедена преку храбар и умешен настап“.[8] Истата, 1991 година, ѝ била доделена наградата Џеринг, награда која ја добила и наредната година.

Меѓународниот олимписки комитет[уреди | уреди извор]

Пермила Виберг била избрана за член на Меѓународниот олимписки комитет во 2002 година и добила осумгодишен мандат сѐ до 2010 година. Таа била член на следните комисии: комисија за спортисти (2002–), комисија за спорт и животна средина (2002), комисија за етика (2003–), комисија за XXI-те зимски олимписки игри во Ванкувер во 2010 година (2003–), комисија за номинации (2003–).[9] На 2 септември 2008 година, МОК објавил дека Виберг ќе претседава (координира) со комисијата назначена од претседателот на МОК, Жак Рог. Комисијата ќе ги анализира проектите на градовите кои ќе влезат во потесниот круг кандидати за Зимски младински олимписки игри.[10]

Активизам[уреди | уреди извор]

Пернила денес е член на клубот „Шампиони за мир“, група од 114 (од 29 ноември 2018 година) познати елитни спортисти посветени на ширење на мирот во светот преку спортот, создаден од Мир и спорт - меѓународна организација со седиште во Монако.[11] Меѓу другите членови на Шампионите за мир се украинскиот поранешен скокач со стап, Сергеј Бубка, британската тркачка на долги патеки Пола Редклиф и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Заедно со нејзиниот сопруг Бодвар Бјерке, Виберг има две деца; Аксел (родена во 2003) и Софија (родена во 2007).[12][13] Од 1995 година Пермила Виберг живее во Монако.

Како деловен човек таа го поседува и раководи со хотелот Пермила Виберг во местото Идре Фјол во округот Даларна, во Шведска.[14]

Резултати од Светското првенство[уреди | уреди извор]

Наслови на сезоната[уреди | уреди извор]

5 титули (1 генерален пласман, 1 во слалом и 3 во комбинирани)

Сезона Дисциплина
1994 година Комбинација
1995 година Комбинација
1997 година Севкупно
Слалом
Комбинација

Пласман на сезоната[уреди | уреди извор]

Сезона Возраст Севкупно Слалом Велеслалом Супер Велеслалом Спуст Комбинација
1990 година 19 45 17 - - - -
1991 година 20 7 2 3 - - -
1992 година 21 5 2 5 28 - -
1993 година 22 24 11 17 30 43 -
1994 година 23 2 2 11 5 11 1
1995 година 24 6 2 38 13 12 1
1996 година 25 8 3 34 19 10 -
1997 година 26 1 1 5 3 4 1
1998 година 27 35 24 28 36 29 11
1999 година 28 5 2 22 8 14 -
2000 година 29 33 28 41 21 22 -
2001 година 30 59 - - 23 48 -
2002 година 31 23 - 57 13 10 12

Победи на трки[уреди | уреди извор]

24 победи на трки (2 спуст, 3 супер велеслалом, 2 велеслалом, 14 слалом, 3 комбинација)[15]

Сезона Дата Локација Трка
1991 година 7 јануари 1991 година Бад Клајнкирххајм, Австрија Слалом
10 март 1991 година Лејк Луиз, Канада Велеслалом
20 март 1991 година Вотервил долина, САД Слалом
1992 година 28 февруари 1992 година Нарвик, Норвешка Велеслалом
1993 година 6 декември 1992 година Стимбоут Спрингс, САД Слалом
1994 година 12 декември 1993 година Вејсонназ, Швајцарија Слалом
6 јануари 1994 година Морзин, Франција Слалом
17 јануари 1994 година Кортина д'Ампецо, Италија Супер Велеслалом
5 февруари 1994 година Сиера Невада, Шпанија Комбинација
1995 година 12 март 1995 година Ленцерхајд, Швајцарија Слалом
Комбинација
1996 година 22 декември 1995 година Вејсонназ, Швајцарија Слалом
29 декември 1995 година Семеринг, Австрија Слалом
1997 година 1 декември 1996 година Лејк Луиз, Канада Супер Велеслалом
28 декември 1996 година Семеринг, Австрија Слалом
4 јануари 1997 година Марибор, Словенија Слалом
12 јануари 1997 година Бад Клајнкирхајм, Австрија Супер Велеслалом
19 јануари 1997 година Цвизел, Германија Слалом
2 февруари 1997 година Лаакс, Швајцарија Комбинација
7 март 1997 година Планина Мамут, САД Слалом
12 март 1997 година Вејл, САД Спуст
16 март 1997 година Слалом
1999 година 3 јануари 1999 година Марибор, Словенија Слалом
2000 година 18 декември 1999 година Сент Мориц, Швајцарија Спуст

Дискографија[уреди | уреди извор]

Песни[уреди | уреди извор]

Наслов Година Врвни позиции на графиконот Албум
SWE
„Привилегија“ [16] 1992 година 39 /

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „WOA Leadership“. World Olympians Association. Посетено на August 16, 2021.
  2. FIS-Ski – Biography. Retrieved on 11 September 2008.
  3. „Sports briefly: ESPN commentator Axthelm dies at 47“. Baltimore Sun. Baltimore. 3 February 1991. Посетено на 21 March 2015.
  4. „Pernilla Wiberg: Executive Profile & Biography“. bloomberg.com. Посетено на 21 March 2015.
  5. Nationalencyklopedin – Pernilla Wiberg. (Swedish). Retrieved on 11 September 2008.
  6. Pernilla Wiberg official website Архивирано на 20 октомври 2004 г.. Retrieved on 11 September 2008.
  7. "Pernilla Wiberg opererad och karriären är över" Архивирано на 25 јуни 2006 г.. ST.nu – Sundsvalls Tidning (TT). 1 March 2002. (Swedish). Retrieved on 2008-09-11.
  8. "Bragdmedaljörer genom tiderna". SvD – Svenska Dagbladet. 4 December 2007. (Swedish). Retrieved on 2008-09-11.
  9. IOC Members – Pernilla Wiberg. Retrieved on 9 September 2008.
  10. "Pernilla Wiberg heads IOC Evaluation Commission for 1st Winter Youth Olympic Games", www.olympic.org – Official website of the Olympic Movement. 2 September 2008. Retrieved on 2008-09-09.
  11. Peace and Sport
  12. "Pernilla och Bödvar fick en pojke". SvD – Svenska Dagbladet (TT). 23 August 2003. (Swedish). Retrieved on 2008-09-11.
  13. "Pernilla Wiberg: "Det blev en liten Sofia"". Norrköping – Expressen. 16 December 2007. (Swedish). Retrieved on 11 September 2008.
  14. Friberg, Anna (1 February 2015): ”Pernilla Wiberg: "Det kan låta drastiskt"”. expressen.se. accessdate: 1 October 2015.
  15. World cup results at www.fis-ski.com
  16. Pernilla Wiberg – Sverigetopplistan

 Надворешни врски[уреди | уреди извор]