Перинеен набор
Изглед
Пред да ја прочитате статијата имајте предвид дека истата содржи фотографии кои не се соодветни за малолетни читатели. |
| Перинејно рафе | |
|---|---|
Перинејното рафе се протега од пенисот па сè до анусот. | |
| Податоци | |
| Претходник | урогенитален набор |
| Назнаки | |
| Латински | raphe perinei |
| TA | A09.5.00.002 A09.4.01.013 A09.4.03.002 |
| FMA | FMA:20244 |
Перинеен набор, меѓуножен набор или перинејно рафе — видлива линија или ткивен набор кај човекот. Линијата се протега во меѓуножјето или перинеумот. Линијата започнува од скротумот, продолжува преку периеумот и завршува во анусот. Рафето исто така се поврзува со линија која почнува од френулумот.
Кај мажите рафето, како што е напоменато почнува од френулумот и има видлива линија по долната страна на пенисот (пенисно рафе), се поврзува со рафето на скротумот, продолжува во перинеумот и завршува во анусот. Рафето е резултат на фетусниот развоен феномен каде скротумот (развојниот еквивалент на усната кај вагината) и пенисот се спојуваат на средина.
Дополнителни фотографии
[уреди | уреди извор]- Развојни фази на надворешните полови органи кај мажите и жените.
- Протегање на перинејното рафе кај мажот.
- Пенисно рафе - видлива линија по долната страна на пенисот , се поврзува со рафето на скротумот, продолжува во перинеумот и завршува во анусот.
- Видливо рафе кај жената.
Поврзано
[уреди | уреди извор]| Оваа статија поврзана со сексуалноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |