Пеплосија
„Пеплосија“ — поетска збирка на македонскиот поет Јован Котески, објавена во 1966 година од издавачката куќа „Мисла“ како осма книга во библиотеката „Билјана“. Книгата има 80 страници, не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Таа била испечатена во печатницата „Киро Димитровски-Дандаро“ во Битола, во специјален тираж од 8 800 примероци.[1]
Посвета
[уреди | уреди извор]Збирката е посветена на таткото на авторот, Васил Котески, со следниве стихови:[2]
Годините го крадеа животот,
останувавме туѓинци дома
потпрени до софрата на ѕидот.
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката содржи вкупно 50 песни:[3] „Сребро“, „Ружа“, „Љубов“, „Гулабици“, „Свадба“, „Жетва“, „Спомен“, „Елегија“, „Меланхолија“, „Жолта долина“, „Допири“, „Бели тонови“, „Калишта“, „Жена“, „Страст“, „Починка“, „Ана“, „Љубов и смрт“, „Извор“, „Селска сиромаштија“, „Нож“, „Леб“, „Умора“, „Сестри“, „Твоите очи без сновидение“, „Немаштија“, „Ѕидар“, „Остани Дојчине“, „Каменоресци“, „Печалбари“, „Зад Јамјани пусти“, „Немај-каде“, „Заборавени“, „Во злодоба“, „Мртво село“, „Злокуќани“, „Височини“, „Смртта на Каритон“, „Црн врв“, „Кајмакчалан“, „Војници“, „Селани“, „Длабоко рикање“, „Кула“, „Брсјаци“, „Водоча“, „Меланхоличар“, „Разделба“, „Камења“ и „Ако не беше во мене“.