Коприварка (пеперутка)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пеперутка коприварка)
Прејди на: содржини, барај
Пеперутка коприварка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Пеперутки
Нерангирано: Палкоантенести
Натсемејство: Пеперутковидни
Семејство: Шарени пеперутки
Потсемејство: Вилински пеперутки
Племе: Вилински пеперутки
Род: Пеперутки коприварки
Вид: Пеперутка коприварка
Биномен назив
Aglais urticae
(Linnaeus, 1758)
Синоними

Aglais urticae, Vanessa urticae

Коприварката или копривец (науч. Aglais urticae, syn. Nymphalis urticae) — мошне застапена шарена пеперутка која живее во умерените предели на Европа и низ цела Македонија.[1]

Овој вид пеперутки често пати се среќава во градините. Гасениците се хранат со коприви, како и некои други шарени пеперутки.

Возрасната пеперутка има впечатлив изглед, со темно тело и црвеножолти крила, со ред сини точки околу задниот раб. Меѓутоа од долната страна крилата им се темно кафени, што им помага да се прикријат при мирување. Во опасност, пеперутката во мирување неднаш ги отвора крилата, прикажувајќи драматична палета на бои. Ова ги исплашува младите и неискусните птици (Stevens 2005).

Корзиканската коприварка (Aglais (urticae) ichnusa) е мошне слична; нажалост сè уште не е утврдено дали таа е подвид или посебен вид.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Stevens, Martin
Документација[создај]

</noinclude> (2005): The role of eyespots as anti-predator mechanisms, principally demonstrated in the Lepidoptera. Biol. Rev. 80(4): 573–588. doi:10.1017/S1464793105006810 (HTML извадок)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]