Пеперминт фрапе (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пепрминт фрапе“ (шпански: Peppermint Frappé) — филм од 1967 година, во режија на Карлос Саура (Carlos Saura), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џералдин Чаплин (Geraldine Chaplin), Хосе Луис Лопес Васкес (José Luis López Vázquez) и Алфредо Мајо (Alfredo Mayo). Во 1968 година, на Берлинскиот филмски фестивал, режисерот Саура ја освоил наградата „Сребрена мечка“, а филмот бил номиниран за главната награда „Златна мечка“.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Хулијан (го игра Лопес Васкес) живее сосема обичен живот сè додека не го сретне својот авантуристички пријател Пабло (го игра Мајо), кој го запознава со својата свршеница Елена (ја игра Чаплин). Хулијан веднаш се вљубува во слободоумната Елена, но таа не му возвраќа на љубовта, иако ја прифаќа неговата покана за разглед на градот. Фрустрираниот Хулијан стапува во љубовна врска со медицинската сестра Ана (ја игра Чаплин) која се обидува да ја претвори во Елена. На крајот од филмот, Хулијан ги кани Пабло и Елена на својот имот, ветувајќи им дека ќе ги запознае со Ана, но таму ги труе, а потоа телата ги става во нивниот автомобил кого го турка во бездна.

Наводи[уреди | уреди извор]