Пепел (Мунк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пепел
Edvard Munch - Ashes (1895).jpg
Творец Едвард Мунк
Година 1894-95
Димензии 120.5 см × 141 см
Место Национална галерија на Норвешка, Осло, Норвешка

Пепелслика на масо на платно од норвешкиот симболистички сликар Едвард Мунк. Насликана во периодот 1894-95 година, сега е во збирката на Националната галерија на Норвешка во Осло.[1][2]

Делото ја отсликува критичната сцена во обидот за водење љубов помеѓу двојка во шумата, што го сторило мажот подгрбавен од срам или одвратност, а разбушавената жена со широко отворени очи и неподвижна од фрустрација или очај. Насловот на сликата предлпжува дека, од која било причина, во тој момент изгорела жештината на нивната страст.

Веројатно не е безначајно што сцената е насликана во време кога самиот Мунк имал кратка тајна врска со Мили Таулов, сопруга на братучед, при што и тие ќе се сретнат во шумата. Всушност, уметникот потоа напиша на литографија на делото „Ја чувствував нашата љубов како лежи на земјата како пепел“.

Во 1925 година, на 62-годишна возраст, Мунк направил втора поимпресионистичка верзија на сликата што виси во Мунковиот музеј во Осло. Ако инцидентот прикажан на сликата бил од лична природа, тој јасно остави свој белег.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ashes“. National Museum of Norway. Посетено на 20 април 2021.
  2. „Ashes, 1894 by Edvard Munch“. Edvard Munch.org. Посетено на 20 април 2021.