Пепелта е најчистото бело

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пепелта е најчистото бело“ (кинески: 江湖儿女) — филм на режисерот Џија Жанке од 2018 година. Главните улоги ги играат: Тао Жао, Фан Лијао и Јинан Дијао.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филмот претставува приказна за една насилна љубов која трае дури 16 години. Во 2001 година, во некогашниот рударски град Датонг живее гангстерот Бин. Во него се вљубува Кијао која, во една прилика, кога Бин е опколен од припадниците на протвничката банда, го зема неговито пиштол и пука во нив. Поради тоа, Кијао е уапсена и осудена на затворска казна во траење од пет години. Додека ја отслужува казната, Бин ниту еднаш не ја посетува неа. Кога излегува од затворот, Кијао дознава дека Бин има друга девојка, така што таа се враќа во Датонг каде станува сопственичка на мала кафеана. Неочекувано, 16 години подоцна, Бин ѝ се јавува на Кијао, а кога се среќаваат, таа сфаќа зошто: Бин е во инвалидска количка. Сепак, Кијао почнува да се грижи за него...

Наводи[уреди | уреди извор]