Прејди на содржината

Пепелашка (филм од 2015)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пепелашка“ е романтичен фантастичен филм од 2015 година, во режија на Кенет Брана, по сценариото на Крис Вајц, а во продукција на: Walt Disney Pictures, Алисон Ширмур продукција и Бигл Пуг Филмс. Филмот е заснован на народната приказна и претставува адаптација во живо на истоимениот анимиран филм на Волт Дизни од 1950 година.[1] Главниот лик го глуми Лили Џејмс, а останатите улоги ги играат: Кејт Бланчет, Ричард Меден, Холидеј Грејнџер и Хелена Бонам Картер.

Марк Романек го режира филмот од август 2011 до јануари 2013 година

Пепелашка премиерно беше прикажана на 65. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, на 13 февруари 2015 година. Прикажувањето во кино-салите започнало на 13 март 2015 година во САД и во Обединетото Кралство на 27 март, во стандардни и IMAX формати од Walt Disney Studios Motion Pictures. Филмот заработил над 542 милиони долари ширум светот, со што станал филм со најголема заработка на Брана како режисер. Филмот доби позитивни критики од критичарите и беше номиниран за категориите за костимографија на 88. награди на Оскар, 21. награди за избор на критичарите и 69. филмски награди на Британската академија.

  1. „Cinderella: Press Release“ (PDF). The Walt Disney Company. The Walt Disney Studios. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-25. Посетено на February 13, 2015.