Прејди на содржината

Пепелашка (Росини)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пепелашка
Dramma giocoso од Џоакино Росини
Насловна страница на либретото, 1817 година
Друг насловLa Cenerentola, ossia La bontà in trionfo
ЛибретистЈакопо Ферети
ЈазикИталијански
Премиера
25 јануари 1817 (1817-01-25)

Пепелашка, или Триумф на добрината (La Cenerentola, ossia La bontà in trionfo) — оперска комична драма во два чина од Џоакино Росини. Либретото било напишано од Јакопо Ферети, врз основа на либретата напишани од Шарл-Гијом Етјен за операта Сендрилон со музика од Никола Изуар (за прв пат изведена во Париз, 1810) и од Франческо Фиорини за Agatina, o la virtù premiata со музика од Стефано Павези (за прв пат изведена во Милано, 1814 година). Сите овие опери се верзии на бајката „Пепелашка“ од Шарл Перо. Операта на Росини за прв пат била изведена во римскиот театар „Театро Вале“ на 25 јануари 1817 година.[1][2]

Во оваа варијација на бајката, злобната маќеа била заменета со очув, Дон Мањифико. Кумата на самовилите била заменета со Алидоро, филозоф и учител на Принцот. Пепелашка не била идентификувана по стаклена влечка, туку по нејзината сребрена нараквица. Натприродните елементи што традиционално ја карактеризирале приказната за Пепелашка биле отстранети од либретото само за полесно поставување.

Росини ја компонирал Пепелашка кога имал 25 години, по успехот на „Севилскиот бербер“ претходната година. Делото, кое го завршил за период од три недели, се смета за едно од неговите најдобри дела за соло глас и ансамбли.

Постер за претстава од 1849 година во Сале Вентадур во Париз.

Белешки

  1. Osborne, Richard 1986, p. 37: "The prima on 25 January 1817 was full of mishaps and was noisily received"
  2. Blog da Rua Nove: La Cenerentola, Cinderella, A Gata Borralheira (in Portuguese)

Извори

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]