Пентаметар
Изглед
Пентаметар (од старогрчки πέντε / pénte („пет") и μέτρον / métron („мерење“) — метрика што најмногу се користела во антиката на старогрчки и латински, а подоцна и на германски и англиски јазик. Како што навестува неговото име, се состои од пет стапки (не пет слога).
Јампскиот пентаметар е стих пар екселанс на англиската книжевност, додека Старите Грци и Римјани повеќе го користеле дактиличниот пентаметар и тоа, исклучиво во елегичниот двостих.