Пенелопа (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Пенелопа (грчки: Πηνελόπεια) е лик од Одисеја, една од двете епски поеми на Хомер, заедно со Илијада. Таа во старогрчката митологија е сопруга на кралот на Итака, Одисеј, и ќерка на Икариј и Перибеја. Таа порано се викала Арнаја, но по заповедта на татко ѝ Науплије ја фрлил во морето,, но јато на дамчести пловки ја спасило и изнело на брегот.[1] Позната е по својата верност кон својот сопруг, која го чекала дваесет години да се врати од Тројанската војна. Во текот на тие години, таа според легендата имала 108 предлози за да се омажи со друг маж и да го прогласи својот сопруг како мртов. Според истата легенда и според Аполодор[2], предлозите упатени кон Пенелопа биле околу 136.

По враќањето на Одисеј на Итака, тој разбрал дека неговото кралство било заземено од оние кои постојано и предлагале брак на својата сопруга, па со помош на Атена, тој бил претворен во старец. По предлог на Атена, Пенелопа им кажала дека ќе се омажи за оној кој ќе победи во натпревар по стрелање, користејќи ја стрелата на Одисеј. Така, на натпреварот победил Одисеј, а по ова тој заедно со својот син Телемах ги убил своите соперници.

Пенелопа денеска претставува симбол на верност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 546.
  2. Аполодор, Митолошка библиотека, Е, VII, 26