Пелистер (Грција)
Пелистер | |
---|---|
Περιστέρι / Λάκμος | |
![]() Пелистер | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2 295 м [1] |
Координати | 39°41′02″ N; 21°07′23″ E / 39.684° N; 21.123° EКоординати: 39°41′02″ N; 21°07′23″ E / 39.684° N; 21.123° E |
Географија | |
Пелистер или Лакмос (грчки: Περιστέρι, Λάκμος) — планина венецот Пинд, сместена во источна Јанина во Епир и западна Трикала во Тесалија. Нејзиниот највискиот врв, исто така Пелистер, се издига на 2 295 метри надморска височина.[1] Се протега во должина од должина од 20 км, од селата Големо и Мало Готишта на запад, па речиси до Мечово на исток. Најблиски околни планини се Чумерка (Атаманика, Ѕумерка) на југ, Лигос на север и Мечкели на запад. Планината се одводнува од реката Мечовица и нејзините притоки на север, запад и југ, како и Ахелоос на исток. Мечовица потоа тече на југ и откако ќе прими извесни притоки ја образува Арахтос.
Најблиското гратче е Мечово, сместено на североисточниот крај. Други населени места на планината се Лепеница (Антуса) во југоисточниот, Дервендишта (Антохори) во северниот, Големо Готишта (Мегали Готиста) во западниот и Провала (Ватипедо) во југозападниот дел. Автопатот „Егнатија“ (А2) (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун - Дедеагач) поминува северно од планините.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Пинд
- Јанина
- Пелистер — највисокиот врв на Баба Планина во Македонија
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Пелистер на порталот Планинска флора на Грција (англиски)
- Пелистер (Лакмос) — GTP (англиски)
- Пелистер (Лакмос) — Грчка туристичка организација (грчки)