Пелистерски Водопад
Изглед
| Пелистерски Водопад | |
|---|---|
Поглед на водопадот | |
![]() | |
| Место | кај селото Нижеполе |
| Вид | непостојан |
Пелистерски Водопад — водопад сместен на планината Баба, кај селото Нижеполе, на поток кој се влива во Црвена Река.
Водопадот е непостојан и се појавува само при топење на снегот од планината Баба, особено од снегот околу врвот Илинден.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Водопадот се наоѓа на 1.550 метри надморска височина и на 3,5 километри од битолското село Нижеполе, под месноста Црвени Стени.[1]
Пристап
[уреди | уреди извор]До водопадот може да се дојде по необележана планинарска патека, која започнува од самото село Нижеполе. Патеката го следи текот на Црвена Река и пред самиот крај ја преминува реката.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „СЕ ПОЈАВИ ПЕЛИСТЕРСКИОТ ВОДОПАД, ПОЛН СО ВОДА ОД СНЕГОТ НА БАБА ПЛАНИНА“. Сакам Да Кажам. 2020-05-07. Посетено на 2026-05-16.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Пелистерски Водопад на Ризницата ?
