Прејди на содржината

Пеле освојувачот

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пеле освојувачот“ (дански: Pelle Erobreren; шведски: Pelle Erövraren) – филм на режисерот Биле Аугуст (Bille August) од 1987 година. Автори на сценариото се Аугуст, Пер Орлов Енквист (Per Olov Enquist) и Бјарне Ројтер (Bjarne Reuter), а главните улоги ги играат: Пеле Хвенегард (Pelle Hvenegaard), Макс фон Сидов (Max von Sydow), Аксел Стребје (Axel Strøbye) и Астрид Вилауме (Astrid Villaume). Филмо, снимен според истоимениот роман на данскиот писател Мартин Андерсен Нексе (Martin Andersen Nexø) од 1910 година, освоил неколку големи награди, како: „Златна палма“, „Оскар“ и „Златен глобус“. Исто така, фон Сидов бил номиниран за „Оскар“ за најдобра машка улога, а ја освоил Европската филмска награда за најдобар глумец, додека Хвенегард ја освоил Европската награда за најдобар млад глумец.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива во втората половина на 19 век. Еден брод со шведски доселеници присига на брегот на Данска, а на бродот се наоѓа и осумгодишниот Пеле заедно со татко му Ласе. Тие се надеваат на подобар живот во новата татковина, но таму ги чекаат само тешка работа и сиромаштија. Меѓутоа, Пеле не се откажува од своите соништа и, уморен од постојаните понижувања и разочарувањата, заминува во Америка во потрага по среќата...