Прејди на содржината

Пелагонитиса

Од Википедија — слободната енциклопедија
Икона Пелагонитиса порано во Зрзескиот манастир

Пелагонитиса (исто така позната како „Богородица со Младенецот што си игра“) — еден вид приказ на Пресвета Богородица (често на иконите) на која го држи Младенецот Исус прави нагло движење со главата наназад држејќи се за неа.[1]

Пелагонитиса била развиена во дванаесеттиот и тринаесеттиот век во Византиското Царство, особено во Македонија. Името Пелагонитиса се однесува на Пелагониската Котлина.[1]

Пелагонитиса во црквата Свети Ѓорѓи, Старо Нагоричане

Пелагонитиса често се смета за варијанта на иконата Елеуса (Милостива) на која Младенецот Исус се одмора.[1] Еден од најпознатите примери е во црквата Свети Ѓорѓи, Старо Нагоричане, обновена од српскиот крал Милутин во 13 век.[2]

  1. 1 2 3 Tradigo, Alfredo (2004). Icons And Saints of the Eastern Orthodox Church. Getty Publications. стр. 180. ISBN 9780892368457.
  2. ↑ Pentcheva, Bissera V. (2006). Icons And Power: The Mother of God in Byzantium. стр. 97. ISBN 0271025514.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]