Пелагониска битка (1259)

Координати: 40°49′N 21°34′E / 40.817° СГШ; 21.567° ИГД / 40.817; 21.567
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пелагониска битка (1259 г.))
Пелагониска битка
Дел од Никејско-латинските војни и Епирско–никејскиот судир
Датум Рано лето или есен 1259 година
Место Пелагониска Котлина
40°49′N 21°34′E / 40.817° СГШ; 21.567° ИГД / 40.817; 21.567
Исход Одлучна никејска победа
Завојувани страни
Никејско Царство
Команданти и водачи

Пелагониска битка — решавачка битка во долгогодишната борба за римското наследство којашто се војувала во 1259 година. Таа е една од најзначајните битки на Балканот од XIII век.[1][2]

Се одиграла во Бориловата Шума некаде меѓу леринските села Неокази и Овчарани во почетокот на летото 1259 година. Спротивставени страни биле војската на Никејското Царство, под команда на Јован Палеолог и сојузничките сили на антиникејската коалиција, што ги сочинувале војските на епирскиот деспот Михаил II Ангел и на ахајскиот кнез Гијом II Вилардуенски, како и 400 германски коњаници што ги испратил од Сицилија кралот Манфред.

Ноќта пред битката Михаил Ангел ненадејно го напуштил логорот и се повлекол кон Епир, а добар дел од неговите војници преминале на страната на Никејците. Во жестоката нерамноправна битка помеѓу никејската војска и војските на латинските сојузници на епирскиот деспот, Латините доживеале катастрофален пораз. Голем број од нив останале на бојното поле, а многумина биле заробени, меѓу кои и кнезот Гијом II Вилардуенски и биле одведени во заробеништво во Никеја. Битката во Пелагонија, го означила крајот на повеќедецениската борба за римското наследство и ја потврдила превласта на Никејското Царство на Балканот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 367. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. „ПЕЛАГОНИСКА БИТКА“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-11.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]