Пелагониска битка (1259)
Пелагониска битка | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Никејско-латинските војни и Епирско–никејскиот судир | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Никејско Царство | |||||||
Команданти и водачи | |||||||
|
Пелагониска битка — решавачка битка во долгогодишната борба за римското наследство којашто се војувала во 1259 година. Таа е една од најзначајните битки на Балканот од XIII век.[1][2]
Се одиграла во Бориловата Шума некаде меѓу леринските села Неокази и Овчарани во почетокот на летото 1259 година. Спротиставени страни биле војската на Никејското Царство, под команда на Јован Палеолог и сојузничките сили на антиникејската коалиција, што ги сочинувале војските на епирскиот деспот Михаил II Ангел и на ахајскиот кнез Гијом II Вилардуенски, како и 400 германски коњаници што ги испратил од Сицилија кралот Манфред.
Ноќта пред битката Михаил Ангел ненадејно го напуштил логорот и се повлекол кон Епир, а добар дел од неговите војници преминале на страната на Никејците. Во жестоката нерамноправна битка помеѓу никејската војска и војските на латинските сојузници на епирскиот деспот, Латините доживеале катастрофален пораз. Голем број од нив останале на бојното поле, а многумина биле заробени, меѓу кои и кнезот Гијом II Вилардуенски и биле одведени во заробеништво во Никеја. Битката во Пелагонија, го означила крајот на повеќедецениската борба за римското наследство и ја потврдила превласта на Никејското Царство на Балканот.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 367. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „ПЕЛАГОНИСКА БИТКА“. Македонска Енциклопедија. 2018-10-11.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Battle of Pelagonia (англиски)