Прејди на содржината

Пелагеја Полубаринова-Кочина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пелагеја Полубаринова-Кочина
Роден(а)13 мај 1899(1899-05-13)
Верхни Хутор, Царевски Ујезд, Гувернерат на Астрахан, Руска империја
Починал(а)3 јули 1999(1999-07-03) (возр. 100)
Москва, Русија
НационалностРуски (1899-1917, од 1991)
Советски (1922-1991)
ПолињаПрименета математика
УстановиУниверзитет во Петроград
Институт Стеклов
Универзитет во Новосибирск
ОбразованиеУниверзитет во Петроград
СопружникНиколаи Кочин (m. 1925)

Пелагеја Јаковлевна Полубаринова-Кочина (13 мај 1899 3 јули 1999 година) била советска и руска применета математичарка, позната по нејзината работа на механиката на флуиди и хидродинамиката, особено, примената на фуксијанските равенки, како и во историјата на математиката. Таа била избрана за дописен член на Академијата на науките на Советскиот Сојуз во 1946 година и за редовен член (академик) во 1958 година.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Родена на 13 мај 1899 г. во Руската империја во смејство на сметководител и домаќинка, Пелагеја била трата од четирите деца. Студирала во женско средно училиште во Санкт Петербург и продолжила на Петроградскиот универзитет (по Руската револуција). Откако нејзиниот татко починал во 1918 година, таа започнала да работи во лабораторијата за геофизика под надзор на Александар Фридман. Таму го запознала Николај Кочин и тие се венчале во 1925 година и имале две ќерки. Двајцата предавале на Универзитетот во Петроград до 1934 година, кога се преселиле во Москва, каде што Николај Кочин зазел професорска позиција на Московскиот универзитет. Во Москва, Полубаринова-Кочина истражувала во Институтот Стеклов до Втората светска војна, кога таа и нивните ќерки беа евакуирани во Казан, додека Кочин останал во Москва за да работи на помагање на воените напори. Тој умрел пред да заврши војната.

По војната, таа ги уредувала неговите предавања и продолжила да предава применета математика. Подоцна била шеф на одделот за теоретска механика на Универзитетот во Новосибирск и директор на одделот за применета хидродинамика на Институтот за хидродинамика. Била една од основачите на сибирскиот огранок на Руската академија на науките (тогаш Академија на науките на Советскиот Сојуз) во Новосибирск.[1]

Кочина била наградена со Сталинова награда во 1946 година, била прогласена за херој на социјалистичкиот труд во 1969 година и го добила Орденот за пријателство на народите во 1979 година. Таа починала во 1999 година, неколку месеци по нејзиниот 100-ти роденден,[2] и кратко време по објавувањето на нејзината последна научна статија.[3]

Избрани публикации

[уреди | уреди извор]

Механика на флуиди

[уреди | уреди извор]
  • Polubarinova-Kočina, P. Ya. (1952). Theory of motion of ground water. Moscow: Gosudarstv. Izdat. Tehn.-Teor. Lit. MR 0056408., translated as Polubarinova-Kochina, P. Ya. (1962). Theory of ground water movement. Princeton, NJ: Princeton University Press. MR 0142252.

Историја на математиката

[уреди | уреди извор]
  1. Phillips (1987), Zlotnik & Emikh (2007)
  2. Zlotnik & Emikh (2007)
  3. Kochina, P. Ya.; Kochina, N. N. (1999). „Some properties of a linear-fractional transformation“. Journal of Applied Mathematics and Mechanics. 63 (2): 161–163. Bibcode:1999JApMM..63..161K. doi:10.1016/S0021-8928(99)00023-4.

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]