Пекол (пештера)
Пеколната пештера е карстна пештера во населбата Залог при Шемпетру во Словенија.
Име
[уреди | уреди извор]Низ Словенија има многу ороними, регионални имиња и микротопоними наречени пекел или „пекол“. Во народната географија, името се користело за метафорично да се означат провали, пештери, шахти и други тесни, темни места.
Други приказни за потеклото на името велат дека се сметало дека една од карпите близу до влезот личи на Ѓаволот или дека топлата водена пареа што излегува од пештерата во зима имала морничав ефект.
Опис
[уреди | уреди извор]Пештерата е долга 1159 метри и има две нивоа. Има и поток што минува низ долниот дел на пештерата, и излегува како подземен водопад. Горниот дел од пештерата е сув, но полн со пештерски формации.
Историја
[уреди | уреди извор]Пештерата е стара повеќе од три милиони години. Наоди на човечки коски во пештерата докажуваат дека пештерата била користена како засолниште од раните жители на Европа. Дрвени пешачки мостови биле поставени во пештерата во 1860 година, правејќи ја достапна за посетителите. Пештерата станала попозната помеѓу 1860 и 1870 година, кога била истражена од Антон Франц Рајбеншух, професор од Грац. Исто така, кон крајот на 19 век пештерата била истражена од Иван Кач, општински секретар во Жалец.
Спелеологот Антон Сува починал во пештерата во 1969 година. Во 1972 година пештерата била отворена за јавноста. и следната година ја посетиле 25.000 луѓе. Со пештерата управува локалното туристичко здружение од 1972 година.