Прејди на содржината

Пеколен портокал (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеколен портокал
Корица на првото издание
АвторЕнтони Берџес
Изворен насловA Clockwork Orange
Изработувач на
корицата
Бери Тренгроув [1]
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
надсат
Жанрнаучна фантастика, сатира, дистопија, црна комедија
Објавена1962 (Вилијам Хајнеман, Британија)
Медиумпечат (тврда и мека подв.) и аудиокнига (касета, ЦД)
Страници192 стр. (тврда подв.) и
176 стр. (мека подв.)
ISBN0-434-09800-0
OCLC4205836

Пеколен портокал — дистописки роман, напишан од Ентони Берџес и издаден во 1962 година. Се работи за истражување на човековото насилство и слободната волја во изборот на добро и зло, а воедно и последиците на поединецот при нејзино одземање. Приказната е сместена во не толку далечна иднина, каде општеството промовира култура на екстремно насилство помеѓу младите. Нарацијата на тинејџерскиот анти-херој во прво лице не соочува со неговите насилни експлоатирања и неговото искуство со државната власт која има за цел да го реформира. Романот може да се согледа како сатира на бунтовничките и насилните трендови во културата на младите која доминира во 60-тите години. Исто така книгата воведува експериментирање со јазикот, напишан на руска арго лексика наречена „надсат“.

Според Берџес романот претставува една jeu d’esprit, напишан за само три недели.

Во 2005 година “Пеколен Портокал” се најде на списокот на списанието Тајм како еден од 100-те најдобри романи на англиски јазик напишани од 1923 и е именувана од Модерн Лајбрари како една од 100-те најдобри романи на англиски јазик на дваесеттиот век. Откако Универзитетот Мек Мастер во 1971 ја купи оригиналната верзија на книгата, таа се наоѓа во Хамилтон, Онтарио, Канада.

Кратка содржинa

[уреди | уреди извор]

Прв дел: Светот на Алекс

[уреди | уреди извор]

Алекс, тинејџер кој живее во Англија во не толку далечната иднина ја поведува својата банда во ноктурни оргии на опортунистичко, безначајно “ултранасилство”. Пријателите на Алекс (во романот наречени „друзја“ на англо-рускиот сленг,“надцат” од рускиот збор друг кој значи „пријател“) се: Дим, малоумен силеџија кој е тепачот на групата, Џорџи амбициозен второстепен водач на бандата и Пит, кој воглавно ги придружува неговите друзја во нивната потрага по ултранасилство. Покрај тоа што е социопат и опасен малолетен деликвент, Алекс е исто така интелигентен и остроумен, софистициран љубител на музика, специфично наклонет кон Бетовен, или "Прекрасниот Лудвиг Ван".

Романот започнува во омиленото место за собирање на друзјата (млечниот бар Корова), каде пијат коктели од млеко и дрога наречени "милк-плус", за да се возбудат за вечерното зосдело. Тие напаѓаат еден учител кој се враќа дома од јавната библиотека, претепуваат запуштен просјак и потоа се борат со соперничката банда. Возајќи се по селскиот крај во украдена кола, тие провалуваат во една изолирана вила, го малтертираат младиот пар кој живее таму, го претепуваат мажот и ја силуваат жената. Во метафантастичен стил, мажот е писател кој работи на ракопис наречен "Портокал на Навивање" и Алекс презирно чита параграф кој укажува на главната тема на романот и го кине ракописот. Кога ќе вратат во млечниот бар, Алекс го казнува Дим за незрелото однесување и напрегнатоста во групата излегува на видлина. Кога ќе се врати дома, во својот здодевен стан Алекс слуша класична музикана цел глас, фантазирајќи за повеќе насилтво во оргија.

Следниот ден Алекс ескивира од школо. По неочекуваната посета од неговиот пост-поправен советник Алекс, наидува на две десетгодишни девојки и ги доведува во станот на своите родители каде што ги послужува со виски и сода, си вбризгува опојна дрога и ги силува. Истата вечер Алекс ги начекува своите друзја во бунтовничко расположение. Џорџи го предизвикува Алекс за водство на бандата, барајќи од него да извршат "работа каква што им доликува на возрасни". Алекс го прекинува бунтувањето, со тоа што му ја посекува раката на Дим и се бори со Џорџи, а потоа како знак на великодушност ги доведува во бар, каде инсистира да ја спроведат идејата на Џорџи и да ја ограбат куќата на една богата жена. Провалувањето започнува како шега, но завршува трагично, кога Алекс ја напаѓа и убива постарата жена. Дим му го блокира излезот, а потоа го напаѓа и онеспособува за бегство. Во следниот момент пристигнува полицијата.

Втор дел: Лудовиковата техника

[уреди | уреди извор]

Откако е осуден на затвор, Алекс наоѓа работа во капелата на Крилјата (Wing), каде пушта религиозна музика на стерео систем, пред и по завршувањето на мисата, како и во текот на пеењето на псалмите. Откако цимерите од ќелијата го обвинуваат Алекс за претепување на проблематичен затвореник до смрт, тој се согласува да пристапи на лекување за експриментална модификација на однесување наречено "Лудовиковата техника". Техниката е еден вид на терапија на аверзија, во која Алекс прима инекција од која добива нагон за гадење, а истовремено е изложен на насилни филмови. Тоа со текот на времето го условува да чувствува парализирачки напади на мачнина при самата помисла на насилство. Како случајна последица, музиката на еден од филмовите – Деветтата симфонија на Бетовен- го прави неспособен да ја слуша својата омилена класична музика. Делотворноста на техниката е демонстрирана пред група на битни личности, кои сведочат на тоа како Алекс колабира пред огромен силеџија и се потчинува пред речиси гола млада жена чие присуство го побудува неговиот сексуално грабливски инстинкт. Макар што затворскиот капелан ја обвинува државата за лишување на Алекс од неговата слободна волја, владините претставници кои присуствуваат се задоволни со резулатите и Алекс е пуштен на слобода во општеството.

Трет дел: По затворот

[уреди | уреди извор]

Бидејќи неговите родители сега ја изнајмуваат собата на кираџија, Алекс лута по улиците и влегува во јавна библиотека каде се обидува да најде безболен начин за да изврши самоубство. Таму, тој случајно ќе наиде на стариот учител кој претходно го нападна, кој пак желен за одмазда, го тепа Алекс со помош на пријателите. Полицаецот кој доаѓа да го спаси Алекс, е всушност Дим, заедно со поранешниот соперник на бандата- Билибој. Двајцата полицајци го носат Алекс надвор од градот и го претепуваат. Зашеметен и крвав, Алекс се онесвестува пред вратата на една вила и предоцна сфаќа дека тоа е куќата во која упадна со своите друзја во првиот дел од приказната. Поради тоа што бандата носеше маски за време на нападот, писателот не го препознава Алекс. Писателот чие име е откриено под Ф. Александар, го засолнува Алекс и го прашува за промената во однесувањето. Во текот на разговорот се открива дека госпоѓата Александар умира од повреда, нанесена од бандата која ја силува, а нејзиниот маж и покрај ужасните спомени, решава да продолжи да живее "каде што нејзината кревка меморија замира". Александар кој е критички настроен кон владата, настојува да го искористи Алекс како симбол на државна бруталност и на тој начин да го спречи избирањето на истата влада во иднина. Со текот на времето, тој почнува да ја воочува улогата на Алекс во случувањата, од ноќта пред две години. Еден од помошниците на Александар успева да извлече признание од Алекс и го исфрла од домот на Александар, а потоа го закучува во куќа близу неговиот стар дом. Непрекинатото пуштање на класична музика, го наведува Алекс да изврши самоубиство со скок од високиот прозорец.

Алекс се буди во болница, каде што е добредојден од владини претставници, кои се подготвени да го затскријат лошиот публицитет за неговиот обид за самоубиството. Александар е сместен во ментална институција, а Алекс добива понуда за добро платена работа, под услов да се согласи да соработува со владата. Додека фотографите ги сликаат, Алекс фантазира за насилство во оргија и сфаќа дека Лудовиковата промена беше проработила но во обратен правец "Излекуван бев и тоа како."

Во последното поглавје Алекс има ново трио на друзја, но почнува да станува свесен дека го надраснува својот вкус за насилство. Случајната средба со Пит, кој е сега оженет и смирен, го инспирира Алекс да тргне во потрага по свои жена и деца. Тој ја разгледува можноста дека во иднина неговиот син ќе биде деликвент како него. Тоа е веројатност која Алекс ја согледува како фатална.

Испуштање на последното поглавје

[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од три дела, а секое од нив брои седум поглавја. Берџес тврди дека збирот од 21 поглавје е неслучаен симбол за возраста на 21 година, како врв во човековата зрелост. 21-вото поглавје е испуштено во изданијата во САД до 1986. Во воведот на новиот американски текст (тие понови изданија го вклучуваат и испуштеното поглавје), Берџес појаснува дека кога првпат ја доставил книгата на американски издавач, тој му кажал дека последното поглавје не е по вкус на американската публика, каде Алекс ја согледува грешката во своите дела, сфаќа дека ја изгубил енергијата и возбудата за насилство и решава да го промени својот начин на живот (бавно созревање, но класичен покајување - момент во кој протагонистот е свесен дека сето она што мислел дека го знае било грешно).

По препорака на американскиот издавач, Берџес им дозволува на издавачите да го отфрлат последното поглавје од американската верзија, со тоа што приказната завршува во еден мрачен тон, а Алекс се покорува на својата насилна, расипана природа- крај кој издавачот сметал дека ќе биде 'пореалистичен' и подопадлив за американската публика. Филмската адаптација режирана од Стенли Кјубрик се темели на американското издание на книгата (кое Берџес го оценува како лош пропуст). Кјубрик го именуваше 21-вото поглавје како "вишок поглавје" и изјави дека не ја прочитал оригиналната верзија додека виртуелно не го завршил сценариото и дека никогаш сериозно не помислил да го искористи. Според мислењето на Кјубрик последното поглавје е неавтентично и не е во духот на книгата.

  • Алекс е анти-херојот во романот и водачот на своите друзја. Тој често се нарекува "Вашиот Скромен Раскажувач". (Кога заведува две девојки во музичката продавница, Алекс се именува себеси како "Александар Големиот", додека ги силува; Ова претставуваше стожер за познатото презиме на Алекс во филмот од 1971 Де Ларж(големиот)).
  • Џорџ или Џорџи е љубоморен на Алекс и е втор по водство во бандата. Џорџи се обидува да го наруши статусот на Алекс како водач на бандата. Подоцна го убиваат за време на грабеж, додека Алекс е во затвор.
  • Пит е најрационалниот и најмалку насилниот член на бандата. Тој е единствениот кој не зазема страна кога друзјата се расправаат. Подоцна се запознава и се жени со една девојка и се откажува од старите навики. Тој дури го губи својот надцат говор. Случајната средба со Алекс во последното поглавје има влијание врз неговата тенденцијата да стане подобар член на општеството и да се реформира.
  • Дим е длабоко неинтелигентен и идиотски член на бандата, постојано омаловажуван од Алекс, но во извесна мера почитуван од страна на друзјата поради неговите легендарни способности за тепање. Неговиот омилен избор на оружје е ланец од велосипед. Подоцна тој станува полицаец и ја насочува својата одмазда кон Алекс поради навреда која му ја нанесува.
  • П.Р.Делтоид е социјален работник за рехабилитација на злосторници, кој е должен да го изведе Алекс на прав пат. Тој очигледно не знае како да се справи со младите луѓе и нема никаква емпатија и разбирање за неговата проблематичност. Всушност кога полицајците го апсат и тепаат Алекс поради убиството на старата жена, Делтоид едноставно го плука.
  • Затворскиот капелан е лик кој прв пројавува сомнеж околу прашањето дали е морално да се трансформира насилна личност во бихејвиористички автоматизам кој нема право на избор во поглед на тоа. Тоа е единствениот лик кој навистина е загрижен за доброто на Алекс; сепак Алекс не го сфака сериозно. (Тој му го задава прекарот затворскиот Чарли или Чаплин (caplin-caplain), алузија на Чарли Чаплин).
  • Билибој е соперникот на Алекс. На почетокот на приказната, Алекс и неговите друзја се тепаат со Билибој и неговите друзја, но нагло прекинуваат кога полицијата пристигнува. Подоцна, откако Алекс е ослободен од затвор, Билибој (заедно со Дим, кој исто така станува полицаец) го спасува Алекс од толпата, и потоа го претепува надвор од градот.
  • Затворскиот управник е човекот кој му дозволува на Алекс да "избере" да биде првиот реформиран од Лудовиковата техника.
  • Министерот за внатрешни или погрешни работи како што го нарекува Алекс е висок претставник на владата кој е убеден дека Лудовиковата техника ќе го прекине рецидивизмот.
  • Д-рБраном е колега на Бродски и соучесник во развивањето на Лудовиковата техника. На почетокот тој е навидум пријателски и речиси татковски настроен кон Алекс, но подоцна го присилува да влезе во киното и она што Алекс го нарекува "маченичкиот стол".
  • Д-рБродски е научник и косоздавач на "Лудовиковата постапка". Навидум е мошне попасивен од Бродски и говори значително помалку.
  • Ф.Александер е писател кој е во процес на создавање на своеето ремек дело "Портокал на навивање", но кога Алекс и неговите друзја провалуваат во неговиот дом, го претепуваат, го уништуваат неговото дело и брутално ја силуваат неговата жена, што резултира со нејзина смрт. Тој е длабоко повреден од овие настани и кога две години подоцна го среќава Алекс го искористува како лабораториско глувче во садистички експеримент кој треба да ја докаже непромисленоста на Лудовиковата техника.
  • Жената со мачките е индиректно именувана жена која не му дозволува на Алекс и на неговата банда да влезат во нејзината куќа и се заканува дека ќе го убие или дека ќе му ги нас’сне мачките ако не си замине. Откако Алекс провалува во нејзината куќа, таа се бори со него, им наредува на своите мачки да се придружат во турканицата и му вреска на Алекс затоа што ги тепа. За време на тепачката таа се здобива со смртоносен удар по главата.

Пеколен Портокал е напишана во Хоув, кој во периодот бил застарен поморски град. По работењето во странство, Берџес пристигнува во Велика Британија и наидува на големи промени. Културата на младите е во екот, се појавуваат кафе барови, поп-музика и тинејџерски банди. Во Англија владее страв од младешки деликвнции. Берџес тврди дека инспирација за книгата е тепањето на неговата сопруга Лин од страна на група пијани службеници стационирани во Англија по Втората Светска Војна. Како последица на тоа таа абортирала. Преку истражување на слободната волја, целата на книгата е наводно концепт на бихејвиоризмот, термин инициран од Б.Ф. Скинер.

Пеколен Портокал е првично напишана со намера да покаже дека луѓето можат да се сменат по своето минато. Британската верзија на книгата завршува со Алекс кој на здрав, ненасилен начин го трансформираа својот живот. Американската верзија е поинаква. Крајот го прави Алекс непроменет човек. Тој е излечен од третманот и трансформиран во својот стар дух на насилство, непочитување и способност да го слуша Лудвиг Ван Бетовен.

Берџес подоцна изјавува дека ја напишал книгата за три недели.

Берџес наведува три можни причини за потеклото на насловот:

  • Тој ја наслушнал фразата "педерски како пеколен портокал" во еден лондонски паб во 1945 и претпоставил дека се работи за кокни израз. Во есеј објавен во Листрер во 1972, именуван Пеколен Мармалад, тој појаснува дека подоцна ја среќава фразата повеќепати. Тој исто така го објаснува насловот во одговор на прашањето на Вилијам Еверсон на телевизиската програма Камера Три во 1972:

"Насловот всушност има мошне различно значење, кое е разбирливо само за специфична генерација на корисници на лондонски кокни-сленг. Тоа беше фраза која ја наслушнав пред многу години и се заљубив во неа, до таа мера што сакав да ја употребам како наслов на книгата. Но самата фраза не ја измислив јас. Фразата "педерски како пеколен портокал" е еден стар добар лондонски сленг кој ми се чинеше дека нема потреба да го објаснувам. Сега, очигледно морам да му дадам дополнително значење. Имплицирав дополнителна димензија. Ја имплицирав поврзаноста со органското, живото, слаткото-со други зборови портокалот-и механичкото, ладното, дисциплинарното. Ги споив заедно во еден вид на оксиморон, во овој благо-горчлив збор." Меѓутоа, никаков друг запис за користењето на овој збор не беше се појавил пред 1962. Кингсли Амис забележува во своите Мемоари (1991) дека не постои трага од изразот во Речникот на Историски Сленг на Ерик Партриџ.

  • Неговото второ објаснување се сосотои во тоа што насловот е игра на зборови од Малајскиот збор "оранг" што значи човек. Романот не содржи други изрази или поврзаности со Малајскиот.
  • Во воведната забелешка на Пеколен Портокал: претстава со Музика, тој пишува дека насловот е метафора за "...органски ентитет, полн сок и сладост и пријатен мирис, претворен во механизам".

Во неговиот есеј, "Пеколни Портокали" Берџес тврди дека "овој наслов би бил соодветен за приказ за обусловеноста на Павлов или механичките закони на организмот, кој како и овошјето, е исполнет со боја и сладост." Овој наслов алудира на позитивниот одек на протагонисот за чувствата на зло, кој преовладуваат над неговата слободна волја. Во контраст на оваа промена, протагонистот е подложен на техника во која е присилен да гледа во насилните сцени кои се прикажуваат на екранот. Тие се систематски инкоропорирани со негативна стимулација на гадење и "чувство на терор" , предизвикани од медицина на повраќање, спроведена непосредно пред прикажувањето на филмовите.

Гледна точка

[уреди | уреди извор]

Пеколен Портокал е напишана со нарација во прво-лице, со единствена перспектива на навидум пристрасен и непостојан раскажувач. Алекс, протагонистот, никогаш не се правда за своите постапки во своето раскажување, што дава впечаток дека е донекаде искрен; раскажувачот кој колку и да се чини дека е недопадлив, евоцира сожалување кај читателот. Тоа го прави со опис на своето непрекинато страдање и согледување дека тој циклус нема никогаш да заврши. Алексовата перспектива е делотворна така што во описот на настаните е лесно да се пронајде лична идентификација, макар што во самите ситуации тоа не е случајот.

Употреба на сленг

[уреди | уреди извор]

Книгата која ја раскажува Алекс, содржи мноштво изрази на арго сленг, наречен надцат кој Берџес го измислува за книгата. Се работи за мешавина на изменети словенски изрази, римуван сленг, кој носи корени од рускиот (како бабушка) и неологизми создадени од самиот Берџес. На пример, овие изрази го имаат следново значење на надсацки: друзја = другар; корова = крава; голова ('gulliver') = глава; малчик или малкшиќивик= момче; сумка = вреќа или торба; Бог = Бог; хорор-шоу ('horrorshow') = добро, преступник = престапник; рука ('rooker') = рака; кал = срање; вјек ('chelloveck') = човек или дечко; лицо = лице; маљенки = мал; итн.

Еден од докторите на Алекс го објаснува на колегата овој говор како "необични остатоци од стар ритмичен сленг. Има по нешто и од цигански говор исто така. Но поголемиот број од зборовите имаат потекло од словенски корени. Пропаганда. Потсвесно продирање." Некои зборови немаат одредени корени, но лесно е да се сфатат, на пр. 'внатре-надвор-внатре-надвор' или 'старото внатре-надвор' алудира на полов однос. Меѓутоа денги ('cutter'), значи 'пари', затоа што 'cutter' се римува со 'bread-and-butter' ('леб и путер'); станува збор за сленг во рима, кој е всушност непреводлив за оние кои не припаѓаат на таа група (особено за полицајците кои прислушкуваат). Покрај тоа, сленгот како Appypolly loggy-Apology (извинување) потекнува од училишниот момчешки сленг. Тоа се одразува на 15-годишната возраст на Алекс.

Во првото издание, книгата не содржи фусноти и потребно е читателот сам да го толкува значењето од контекстот. Во прилгот на резервната копија, Берџес појаснува дека сленгот ја сместува книгата во одредено време. Воедно тој е во функција на замаглување на "сировиот говор на порнографија" од акциите на насилство. Освен тоа, во роман каде што темата на перење на мозок игра улога, самата нарација има улога да му го пере мозокот на читателот за да го разбере надцат говорот.

"Ултранасилство" е неологизам создаден од Берџес, кој се однесува на прекумерно и/или неоправдано насилство, кое е најчесто проследно со фразата "да удриме едно ултранасилство". Медиумите почнуваат да го злоупотребуваат изразот во асоцијацијата со естетското насилство.

Забрана и цензурирање во САД

[уреди | уреди извор]

Во 1976 Пеколен Портокал е отстранета од Аурора, средно училиште во Колорадо, поради "непристоен јазик". Една година подоцна во 1977 книгата е отстранета од средните училишта во Вестпорт, Масачусетс од слични причини. Во 1982 ја отстрануваат од библиотека во Анистон, Алабама, но подоцна е вратена во ограничен тираж. Исто така во 1973 продавач на книги е уапсен поради продажба на романот. Подоцна тужбата е повлечена. Во иронична смисла, сите овие настани следуваа по премиерата на популарната адаптација на книгата од страна на Стенли Кјубрик во 1972, Пеколен Портокал која исто така беше подложна на многу контраверзии.

Отфрлање на писателот

[уреди | уреди извор]

Во 1985, Берџес ја издаде Flame into Being: The Life and Work of D. H. Lawrence и во една дискусија за љубовникот на Госпоѓицата Чатерли во својата биографија, Берџес ја споредува ноторноста на тој роман со Пеколен Портокал : "Сите ние страдаме од популарната желба да го направиме познатото ноторно. Подготвен сум да се одречам од книгата по која сум најдобро познат, или единствено познат. Тоа е роман напишан пред четвртина век, и претставува една jeu d’esprit завршена за три недели за пари, а стана позната како необработен материјал за филм кој навидум го глорифицира сексот и насилството. Филмот им овозможи на читателите на книгата погрешно да ја толуваат и тоа недоразбирање ќе ме прогонува до мојата смрт. Не требаше да ја напишам книгата поради опасност од погрешна интерпретација, а можам истото да го потврдам и за Лоренс и љубовникот на Госпоѓицата Чатерли." Берџес исто така негативно ја оцени Пеколен Портокал како "премногу дидактична за да биде уметничка".

Награди номинации и рангирање

[уреди | уреди извор]

1983 – Прометеј награда (прелиминарна номинација) 1999 – Прометеј награда (номинација) 2002 – Прометеј награда (номинација) 2003 – Прометеј награда (номинација) 2006 – Прометеј награда (номинација) 2008 – Прометеј награда (Hall of Fame награда)

Списанието Тајм го рангираше романот како еден од 100-те најдобри романи на англиски јазик напишани од 1923 до 2005 година.

Адаптации

[уреди | уреди извор]
Stanley Kubrick film version's theatrical release poster by Bill Gold

Најпознатите адаптации на романот, во друга форма се филмот Пеколен Портокал од 1971 на Стенли Кјубрик, со Малком Мекдауел како Алекс. Филмот насловен Винил од 1965 на Енди Ворхол е адаптација на романот на Буџес.

По премиерата на филмот на Кјубрик, Берџес напишал драмски текст насловен Пеколен Портокал. Во него, д-р Браном ја напушта психијатриската клиника откако согледува дека терапијата на аверзија ја уништува способноста на Алекс за уживање во музиката. Претставата го инкорпорира оригиналниот крај на романот.

Во 1988, германскиот панк рок бенд Ди Тотен Хосен (Die Toten Hosen) ја адаптираше Пеколен Портокал во интимниот театар на Бед Годсберг (Bad Hodesberg) во музичка композиција, кој комбинираше оркестрални фрагменти на Бетоновата Деветта и "други палави мелодии" (тоа беше изјавено во преводот). Композицијата беше издадена на албумот Ein kleines bisschen Horrorschau. Песната Hier kommt Alex стана едно од претпознатливите симболи на бендот.

Vanessa Claire Smith, Sterling Wolfe, Michael Holmes, and Ricky Coates in Brad Mays' multi-media stage production of A Clockwork Orange, 2003, Los Angeles. (photo: Peter Zuehlke)
Vanessa Claire Smith in Brad Mays' multi-media stage production of A Clockwork Orange, 2003, Los Angeles. (photo: Peter Zuehlke)

Во февруари 1990 групата Ројал Шекспир Компани продуцираше нова музичка верзија во театарот Барбикан во Лондон. Делото насловено Пеколен Портокал: 2004, воглавно доби негативни критики и Џон Питер од Д Сандеј Тајмс ја нарече "само едно интелектуално Роки хорор-шоу", а Џон Грос од Сандеј Телеграф ја етикетираше како пеколен лимон. Дури и самиот Берџес кој го напишал сценариото засновано на неговата книга, бил разочаран. Според Евенинг Стандард Берџес ја нарекол песната од Боно и Д’ Еџ од групата U2 "нео-позадина". Најпрво Берџес соработувал со директорот на продукција, Рон Даниелс и имал на ум музичката композиција да биде исклучиво класична. Берџес бил незадоволен од одлуката да го напушти снимањето и остро ја критикува есперименталната мешавина на бендот на хип-хоп, литургиска и готска музика. Лајз Хенд од Ајриш Индепендент ја пренесува изјавата на Д’Еџ дека оригиналниот концепт на Берџес бил композиција напишана од автор на романи, а не на песни . Џејн Едвардс ја нарекува композоцијата "безначаен гламур". Магазин 20/20 изјавува дека гледањето на оваа продукција е "како да те поканат во скап Француски Ресторан-и да те послужат со Биг Мек".

Во 1994, театарот Степенволф во Чикаго продуцираше адаптација на Пеколен Портокал, режирана од Тери Кини. Во американската премиера на сопствената адаптација на Ентони Берџес на неговата "Пеколен Портокал", К. Тод Фриман беше во улога на Алекс. Во 2001 театарот УНИ ( Мисиога, Онтарио) ја прикажа премиерата на претставата во режија на Тери Коста.

Во 2002 Годлајт Театар Компани ја презентираше Њујоркшката премиерата на Пеколен Портокал во Менхетен Театар Сорс. Делото играше во СоХо Плејхаус (2002), Ансамбл Студио Театар (2004), 59Е59 Театерс (2005) и Единбург Фесивал Фринџ (2005). Во Единбург продукцијата доби воодушевувачки критики од медиумите. Режијата беше на уметничкиот директор на Годлајт, Џое Тантало.

Во 2003, режисерот Бред Мејс од Лос Анџелс и АРК Театар Компани постави мулти-медиска адаптација на Пеколен Портокал, која ЛА Викли ја именуваше како "Избор на Неделата" и ја номинираше за три ЛА Викли Театар награди во 2004: Режија, Продукција (на дело од 20 век) и Главна Женска Улога. Венеса Клер Смит ја доби наградата за Најдобра Глумица за нејзината “машка” изведба на Алекс, тинејџерот социопат кој е вљубен во музиката. Продукцијата проектираше три посебни видео преноси поставени на седум сценски видео монитори – шест 19-инчни и еден 40-инчен. Со цел да се задржи нарацијата во прво лице на книгата, на 40-инчниот монитор се проектираше претходно снимен видео запис од Алекс, "вашиот скромен раскажувач". На тој начин ликот на сцената се ослободува од одредени реплики, што во спротивно би било тешко да се одржи до четвртиот чин.

  • Дејвид Боуви алудираше на книгата и филмот во повеќе песни во неговиот ран опус од 1970: во текстот на"Suffragette City" го спомнува поимот "друзја", што реферира на израз употребен во книгата. Настапите во живо вклучуваат песни од музиката во филмот, кој обично започуваат со Бетоновата Деветта Симфонија, сегмент "Ода на радоста" (што може да се чуе и на албумите во живо"Santa Monica '72" and the "Ziggy Stardust: The Motion Picture" soundtrack CD & DVD).
  • Нујоркшкиот панк бенд Рамонс, ја напиша инструменталната песна "Durango 95", името на колата која друзјата ја крадат во книгата.
  • Песната "Sex and Violence" од Америкаснкиот треш-метал бенд Карнивор е за Пеколен Портокал.
  • Бразилската хеви метал грипа Сепултура ја искористи содржината на Пеколен Портокал за нивниот концептуален албум A-Lex. Името на албумот е игра на зборови од името на главниот лик; на латинки изразот а-лекс значи "без закон".
  • Аргентинскиот панк бенд Лес Виоладорес ја напиша песната song "1,2,Ultraviolento" инспирирана од приказната.
  • Германскиот панк рок бенд Ди Тотен Хосен направи албум заснован на Пеколен Портокал, насловен Ein kleines bisschen Horrorschau или "Мала Доза на Хорор-Шоу".
  • Американскиот панк бенд Рансид ја напиша песната, насловена "Пеколен Порокал", која се најде на албумовите B sides и C sides.
  • Маските на Крис Фен и покојниот Пол Греј од њу-метал групата Слипнот, алудираат на маските од филмот. Крис Фен исто така изјави дека истоимениот албум на Слипнот е ненапишаниот саундтрак на книгата. Се смета дека песните од албумот го одразуваат она што е во умот на Алекс.
  • Американкиот индустријал рок бенд Д’Електрик Хелфајр Клаб реферираат на книгата и филмот во мнозина нивни песни, вклучувајќи ја "Ultraviolence".
  • Англискиот панк рок бенд Д’Адиктс се прослави со сликата на друзја, инспирирана од филмот на Кјубрик. Нивниот трет албум беше исто така насловен паметен алекс, во алузија на протагонистот на книгата.
  • Раперот Кејџ претходно рапуваше под псевдонимот Алекс, по протагостот во книгата и во врска со тоа ја издаде песната “Agent Orange”, во која главната тема од филмот служи како бит.
  • Бендот на Арјен Ентони Лукасен, Стар Уан ја создаде насловната песна на албумот Victims of the Modern Age по основа на романот/филмот.
  • Во својот спот You da One, Ријана се појави со изглед инпириран од Пеколен Портокал. Нејзиниот изглед наликуваше на оној на Алекс.
  • Песната на Роб Зомби "Never Gonna Stop (The Red Red Kroovy)" од албумот "The Sinister Urge" упатува на бројни алузии на книгата, вклучително со референцата на Дуранго 95 и "хорор-шоу". Видеото ја содржи истата тема и оддава директна почит на филмот.
  • Американскиот алтернативен рок бенд Катервол ја напиша песната "Alex's Aphrodisiac", од албумот Potent Hue.
  • Австралиското хип-хоп дуо Хороршоу употребува наводи на Пеколен Портокал во нивните текстови. Песната cruising by во тестот зборува: "без оглед дали си вистински дружја или само упаѓаш" и No Rides Left "дојдете на прошетка со вашиот скромен раскажувач".

Детали околу издавањето

[уреди | уреди извор]
  • 1962 година, Велика Британија, Вилијам Хајнмен, декември 1962, тврд повез.
  • 1962 година, САД, В В Нортон & Ко ООД , 1962, тврд повез.
  • 1963 година, САД, В В Нортон & Ко ООД , 1963, мек повез.
  • 1965 година, САД, Балантин Букс , 1965 година, мек повез.
  • 1969 година, САД, Балантин Букс, 1969, мек повез.
  • 1971 година, САД, Балантин Букс, 1971, мек повез, премиера на филмот.
  • 1972 година, Велика Британија, Лоримр, (ISBN 0-85647-019-8), 11 септември, 1972, тврд повез.
  • 1972 година, Велика Британија, Пингвин Букс ООД , 25 јануари 1973, мек повез.
  • 1973 година, САД, Кедмон рекордс, 1973, Винил Ел-Пи (Ентони Берџес ги чита првите 4 поглавја).
  • 1977 година, САД, Балантин Букс, 12 септември 1977, мек повез.
  • 1979 година, САД, Балантин Букс, април 1979 година, мек повез.
  • 1983 година, САД, , Балантин Букс, 12 јули 1983 година.
  • 1986 година, САД, В В Нортон & Ко ООД , ноември 1986 година, Мек повез (Последното поглавје од книгата е додадено, кое претходно не било достапно во американската верзија).
  • 1987 година, Велика Британија, Втората светска Нортон & Компани ООД , јули 1987, тврд повез.
  • 1988 година, САД, Балантин Букс, март 1988 година, мек повез.
  • 1995 година, Велика Британија, В В Нортон & Ко ООД , јуни 1995 година, мек повез.
  • 1996 година, Велика Британија, Пингвин Букс ООД, 25 април 1996 година, мек повез.
  • 1996 година, Велика Британија, Харпер Аудио, септември 1996 година, аудио касета.
  • 1997 година, Велика Британија, Хајне Верлаг, 31 јануари 1997, мек повез.
  • 1998 година, Велика Британија, Пингвин Букс ООД, 3 септември 1998 година, мек повез.
  • 1999 година, Велика Британија, Рибаунд бај Пелин , октомври 1999 година, обврзување со библиотеката.
  • 2000 година, Велика Британија, Пингвин Букс ООД, 24 февруари 2000 година, мек повез.
  • 2000 година, Велика Британија, Пингвин Букс ООД, 2 март 2000 година, мек повез.
  • 2000 година, Велика Британија, Туртлбек Букс, ноември 2000 година, тврд повез.
  • 2001 година, Велика Британија, Пингвин Букс ООД, 27 септември 2001, мек повез.
  • 2002 година, Велика Британија, Торндајк Прес, октомври 2002 година, тврд повез.
  • 2005 година, Велика Британија, Буканир Букс, 29 јануари 2005 година, обврзување со библиотеката.
  • 2010, Грција, Анубис Публикации, 2010, мек повез (Се додава последното поглавје кое претходно не било достапно во грчките верзии).
  • 2012 година, САД, В В Нортон & Компани, 22 октомври 2012, тврд повез (50-ти роденден на изданието, верзија е лекторирана повторно. Ендрју Бисвел, д-р, директор на Меѓународната задолжбина „Берџес“, внимателно ги разгледува трите различни објавени изданија, заедно со оригиналниот ракопис за да го пресоздаде романот во визијата на Ентони Берџес.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • A Clockwork Orange: A Play With Music. Century Hutchinson Ltd. (1987). An extract is quoted on several web sites: Anthony Burgess from A Clockwork Orange: A play with music (Century Hutchinson Ltd, 1987),Архивирано на 15 декември 2005 г., A Clockwork Orange - From A Clockwork Orange: A Play With Music
  • Burgess, Anthony (1978). Clockwork Oranges. In 1985. London: Hutchinson. ISBN 0-09-136080-3 (extracts quoted here)
  • Vidal, Gore (1988). At Home: Essays, 1982–1988. Why I Am Eight Years Younger Than Anthony Burgess. New York: Random House. стр. 411. ISBN 0-394-57020-0.
  • Tuck, Donald H. (1974). The Encyclopedia of Science Fiction and Fantasy. Chicago: Advent. стр. 72. ISBN 0-911682-20-1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Македонски

[уреди | уреди извор]

Странски

[уреди | уреди извор]
Comparisons with the Kubrick film adaptation