Пежо 5CV
| Претходник | Пежо тип 172 |
|---|---|
| Наследник | Пежо тип 190 |
| Погонски распоред | Мотор напред - заден погон на тркала |
| Мотор | Пежо, 667 cm³ I4 720 cm³ I4 695 cm³ I4 |
| Ширина | 1.195-1.260 мм |
Пежо 5CV — популарно име за неколку модели од Пежо тип 172 помеѓу 1925 и 1929 година.
Првиот од серијата 5CV бил тип 172 BC, сосема нов модел, иако сличен на Квадрилетот, кој сè уште се продавал во 1924 година. Типот 172 BC имал мотор со зафатнина од 667 cm³ кој бил пренесен од моделот Квадрилет, но моќност до 11 КС (8,2 kW).[1] Автомобилот дебитирал на автомобилската трка Тур де Франс во 1924 година.
Мали промени во дизајнот и новиот мотор го замениле типот 172 BC со типот 172 R во 1926 година. Моторот бил 720 cm³ I4 и со иста моќност како претходниот, но со поголем вртежен момент. Моторот од 1928 година бил заменет со помала зафатнина од 695 cm³ со поголема моќност, од 14 КС (10 kW). Помалиот мотор и поголемото растојание меѓу тркалата ја спуштија класата на новиот тип 172 на 4 CV.
Вкупното производство на тип 172 во овој временски период изнесувало 48.285 единици.
| Модел | Година | Производство |
|---|---|---|
| Тип 172 BC | 1924–1925 година | 7.084 |
| Тип 172 R | 1926–1928 година | 27.119 |
| Тип 172 М | во 1928 година | 11.970 |
| Тип 172 S | во 1929 година | 2.112 |
Галерија
[уреди | уреди извор]- Пежо 5CV
- Пежо 5CV Тип 172 R Кабриолет 1928
- Заден поглед од Пежо 5CV Тип 172 R Кабриолет 1928
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „1924: 5CV Type 172 BC“. History: A century of models. PSA Group. Архивирано од изворникот на 2011-07-16.
Литература
[уреди | уреди извор]- Schmarbeck, Wolfgang (1990). Alle Peugeot Automobile 1890–1990. Stuttgart: Motorbuch-Verlag. ISBN 978-3-613-01351-3.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Пежо 5CV“ на Ризницата ? |