Пежо тип 1

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пежо тип 1/Трицикл Серполе
Peugeot Type 1/Serpollet Tricycle
TricycleSerpollet.jpg
ПроизведувачПежо
Познат и какоПежо 1
Производство1886–1890 (64 возила)
СклопувањеФранција
НаследникПежо тип 2
Тип на каросеријавизави
МоторДвоцилинцричен мотор на пареа
4-6 КС

Пежо тип 1 (француски: Peugeot type 1) – првиот модел на автомобил произведен и комерцијализиран од Арман Пежо, основачот на фабриката за автомобили Пежо. Се произведувал од 1886 до 1890 година.

Пежо тип 1 бил еден од првите индустриски произведени моторни возила. Дизајнот бил на Леон Серполе, а првпат било претставено во 1886 година. Возилото било со три тркала, било опремено со парен котел на нафта и едноцилиндричен мотор со валчести вентили и коленеста оска. Моќта на трициклот произведен во 1899 година била околу 5 КС со 4 цилиндри и постигнувал максимална брзина од околу 25 километри на час.[1][2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Peugeot Gebrauchtwagen, Jahreswagen und Ersatzteile. Informationen zu Peugeot“. AutoScout24.
  2. „Serpollet, tricycle à vapeur de 1888, voitures automobiles anciennes ou de collection“. Les voitures anciennes. Архивирано од изворникот на 18 мај 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]