Педерски Катахрезис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Педерски Катахрезис е збирка куси раскази од македонскиот писател, кој пишува под псевдонимот Хигсов Бозон, објавена во 2011 година, во издание на “Темплум”. За неа, авторот ја добил наградата „Новите!“ за 2011 година, која ја доделува издавачката куќа “Темплум”.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Збирката е објавена како осма книга од едицијата “Катапулт”. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 183 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-06-1. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата “Кома”. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД Скопје.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката “Педерски Катахрезис” содржи 69 куси раскази, во кои авторот дава остра и отворена критика на човечките слабости, власта, политичарите, свештениците и современото општество. Во збирката се застапени следниве раскази:[2] рекламократија до деветтиот круг; правење пастировец; хајнер милер машина во 1 чин; мартин нешковски; педерски катахрезис; хамероф пенроуз, шпекулативната форма на дрејковата формула, пастировата плитка свест и фундаменталните сили; о оче будало; спремен христијански кулинарски кур за доручек; хоророт е во нашата куќа; расад на жални врби у говнардарот и барокната см(рд)еа; достојевски ги гали децата на фпро; шпанче курлев, 29; шпиритус за шпиро; борги над пастироња; државна безбедност работи за доброто на немоќните; констипацијата на грдиот; фпро зајачица; usb_mind_refueler.exe; симулација на ситуација со примабалетан; мајка тереза ја формира партијата на проститутки ‘наша куќа’; православното сирење и бракот; убиство покриено со келвин клајн боксерки; лицитација на лопата; анаграм против интелигенција; олошоски знае чие е детето; пион на а2; пријави шупак; некропсија врз скоца; со јахта по говнардарот; националистички виц; само слогата ја спасува стоката; ганди не може сам; вонземјани и крапови во охрид; берлускони и гадафи договараат нафта за амазонка со ун идиото; дриблинг ала милошевиќ; појавата худини; сведоштва од црната дупка; аладин и кралското тенџере; анална пракса во времето на гробарите; картевалот се припрема да ја ресне; легитимната употреба на зборот режим; потрага по либидо; слетува подсвеста; геј поплава; летајте дечки; пастирофската комуна и антихалуцинатите; коалиција на пастирофски турци роми албанци срби и госпот; нова вера нова библија; историски говнослој пастирофштина; седименти од камен; грдотија и разврат у рембрандт студиос; црнци писатели и мешини режисери; хај концепт и врската со диносаурусите; семко пелинов клонира фашистички артефакти; миксан мозок во душевна болница; за карактерот на инсектите; горко задоволство; шталски дриблинг под пупак; касапење бутови во основен суд 2; покосената од курови у суспенс; гаргара говнара; монголоидната беседа и иднината на ланецот говнарници шупакс; фашистичко копиле; импотенција руши фашисти; збудален пророк во фиромјанскиот сајберпејс; измешана хронологија; малакас рече пацишаркакис алиас шаци; резигниран кокос; уплашен хумор.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
  2. Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.