Прејди на содржината

Пеги Луиндула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пеги Луиндула
Лични податоци
Роден на 25 мај 1979(1979-05-25)(45 г.)
Роден во Киншаса, Заир
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001780000001,78 м
Играчки податоци
Позиција напаѓач
Повлекување 31 мај 2015 (36 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997-1998 Ниор 27 (8)
1998-2002 Стразбур 85 (19)
2002-2004 Лион 91 (33)
2004-2007 Марсеј 37 (10)
2005-2006Осер (позајмен) 33 (10)
2006-2007Леванте (позајмен) 10 (0)
2007-2012 Париз Сен Жермен 130 (19)
2013-2014 Њујорк Ред Булс 60 (9)
Репрезентација
2004-2009 Франција 6 (1)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Пеги Луиндула (роден на 25 мај 1979 година во Киншаса) — француски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Рана кариера

[уреди | уреди извор]

Луиндула ја започнал својата кариера во Ниор и во својата прва професионална сезона постигнал 8 гола, со што им фатил око на скаутите на Стразбур. Тој му се приклучил на Стразбур во 1998 година и постигнал 19 првенствени голови во 85 натпревари. За ова време тој заработил репутација на еден од најперспективните фудбалери во францускиот фудбал.

Луиндула продолжил со неговиот напредок по фудбалските скалилата со доаѓањето во еден од најголемите француски клубови во овој период, Лион. Во јануари 2002 година тој го завршил трансферот во Лион за 5,5 милиони £ и ја продолжи својата добра форма постигнувајќи 6 гола и помагајќи му на Лион да триумфира во француската лига. Тој останал во Лион и во следните две сезона освојувајќи уште две првенствени титули. Неговата најпродуктивна сезона била 2003-04 кога тој постигнал 16 порвенствени голови помагајќи му на Лион да дојде до шампионската титула во Лига 1.

Откако за сума од 24.000.000 £, која претставува клупски рекорд го продал Дидје Дрогба на ​​Челзи, Олимпик Марсеј го насочил неговиот интерест кон Луиндула како негова замена. Иако Луиндула изразил желба да остане во Лион и покрај нивните неодамнешни успеси клубот претрпел големи финансиски проблеми и продажбате изгледала веројатна. На крајот тој направил трансфер во Марсеј, а на Лион му биле исплатени 7,5 милиони £.

Тој брзо се нашол во немилост на Велодром, и покрај тоа што бил најдобриот стрелец на клубот во сезоната 2004-05. Тој бил позајмен на ФК Осер, каде што повторно се обединил со својот поранешен тренер од Лион Жак Сантини, за време на сезоната 2005-06, но Луиндула не успеал да го убеди клубот да го задржи на трајна основа. Во летото на 2006 година, тој на тој начин се вратил во Олимпик Марсеј и се нашол на работ на првиот тим, пред да оди на уште еден заем овој пат во шпанскиот клуб Леванте.

Париз Сен Жермен

[уреди | уреди извор]

Луиндула не останал долго во Шпанија. Пред почетокот на сезоната 2006-07 се вратил во Франција, каде потпишал за Париз Сен Жермен.

Њујорк Ред Булс

[уреди | уреди извор]

Во декември 2012 година беше објавено дека Луиндула ќе го раскине неговиот договор со ПСЖ и дека ќе потпише со Њујорк Ред Булс.[1] Њујорк официјално го објавил потпишувањето со Луиндула на 19 март 2013.[2]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Тој има шест настапи во кој постигнал и еден гол за репрезентацијата на Франција. Своето деби го имал во 2004 во пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина.

Франција Стразбур

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. „Luyindula vers New York“. www.lequipe.fr. Посетено на 18 December 2012. (француски)
  2. „Red Bulls sign Peguy Luyindula“. www.newyorkredbulls.com. Архивирано од изворникот на 2013-03-22. Посетено на 19 March 2013. (англиски)