Па де Кале
| Па де Кале Pas-de-Calais | |||
|---|---|---|---|
| департман | |||
Префектурната зграда на департманот во Арас | |||
| |||
Местоположба во Франција | |||
| Земја | Франција | ||
| Регион | Горна Франција | ||
| Префектура | Арас | ||
| Потпрефектури | Бетин, Булоњ на Море, Кале, Ланс, Монтреј, Сент Омер | ||
| Управа | |||
| • Орган | Департмански совет на Па де Кале | ||
| • Прет. на советот | Жан-Клод Лероа[1] | ||
| Површина1 | |||
| • Вкупна | 6.706 км2 (2,589 ми2) | ||
| Население (2019) | |||
| • Вкупно | 1.465.278 | ||
| • Густина | 220/км2 (570/ми2) | ||
| Час. појас | CET (UTC+1) | ||
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
| ISO 3166 | FR-62 | ||
| Број | 62 | ||
| Окрузи | 7 | ||
| Кантони | 39 | ||
| Општини | 890 | ||
| ^1 Не вклучува естуари, езера, бари и ледници поголеми од 1 км2 | |||
Па де Кале (француски: Pas-de-Calais; пикардски: Pas-Calés; холандски: Nauw van Calais) — дерпатман во северна Франција, чие име во превод значи „Проток на Кале“, францускиот назив за Доверскиот Проток, со кој се граничи. Има повеќе општини од сите департмани во земјата (вкупно 890), но го зазема 8-мото место по населеност. Населението брои 1.465.278 жители (2019).[2] Се граничи со департманите Север и Сома, а со Англија е поврзан преку Евротунелот.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Подрачјето е населено уште од праисторијата. Подоцна тука живееле келтските Белги, Римјаните и германските Франки и Алемани. За време на IV и V век, римската практика на употреба на германските племиња за воени и одбранбени услуги долж патот од Булоњ на Море до Келн во областа создала германско-романска јазична граница која постоела сè до VIII век.
Саксонската колонизација на ова подрачје од V до VIII век веројатно ја поместиле јазичнага граница на југ и запад, така што до IX век највеќето жители северно од линијата помеѓу Бетин и Берк говореле дијалект на среднохоландскиот, а оние на југ говореле дијалект на пикардски.
Јазичната граница е забележлива и денес по топонимите и патронимите во областа. Почнувајќи од IX век јазичната граница постепено почнала да се поместува на север и исток.
Па де Кале е еден од изворните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 г. Направен е од делови од поранешните покраини Калези (некогашно англиско владение), Булоне, Понтје и Артоа, од кои последната била дел од Шпанските Ниски Земји.
Во овој крај се одиграле некои од најтешките битки во Првата светска војна. На 8 км од Арас се наоѓа канадскиот споменик кој ги чествува паднатите во офанзивата на сртот Вими во Битката кај Арас во 1917 г. и претставува најважен кандаски воен споменик во Европа.[4]
Па де Кале била цел на Операцијата Фортитјуд за време на Втората светска војна, со која Сојузниците планирале да ги измамат Германците дека инвазијата на Европа на денот Д ќе се случи тука наместо во Нормандија.[5]
Географија
[уреди | уреди извор]
Па де Кале се наоѓа во денешниот регион Горна Франција и е обиколен од департманите Север и Сома, протокот Ламанш и Северното Море. Дели поморска граница со англиската грофовија Кент, која се протега половина пат од Евротунелот.
Поголеми реки се следниве:
Поголеми населени места
[уреди | уреди извор]Најголеми градови на крајбрежјето се Кале и Булоњ на Море, а во Артоа тоа се Арас, Ланс, Лиевен и Бетин. Најнаселена општина е Кале; префектурата Арас е втора по населеност. Во 2019 г. имало 10 општини со преку 15.000 жители:[2]
| Општина | Население (2019) |
|---|---|
| Кале | 72.509 |
| Арас | 41.694 |
| Булоњ на Море | 40.251 |
| Ланс | 31.461 |
| Лиевен | 30.112 |
| Енен Бомон | 25.992 |
| Бетин | 25.039 |
| Брие ла Бисјер | 21.903 |
| Авион | 17.625 |
| Карвен | 17.557 |
Стопанство
[уреди | уреди извор]Стопанството во департманот долго време било зависно од рударството, претежно од јагленокопите кај градот Ланс, каде бил откриен јаглен во 1849 г.[6] Меѓутоа, по Втората светска војна стопанството станало поразновидно.
Население
[уреди | уреди извор]Па де Кале се вбројува во најгусто населените департмани во Франција, но нема ниеден град со повеќе од 100.000 жители: Кале има 73.000. Остатокот од населението е претежно во рударскиот крај долж границата со департманот Север, каде низа мали гратчиња сочинуваат населено подрачје од приближно 1,2 милиони. Центарот и југот на департманот се порурални, но сепак доста населени, со многу села и мали гратчиња.
Иако во департманот се одиграле некои од најтешките битки во Првата светска војна, бројноста на населенито се повратила по двете војни. Сепак, многу рударски места претрпеле иселувања, во некои случаи преполовувајќи им го населението.
Еве ја бројноста на населението во департманот од 1801 г. наваму:
|
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Извори:[7][8] | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Образование
[уреди | уреди извор]
Департманот денес има два универзитета. Иако е меѓу најнаселените департмани во државата, Па де Кале немал ниеден универзитет сè до 1991 г. кога владата решила да отвори два: Универзитетот на Опалниот Брег[9] во западниот дел на департманот и Универзитетот на Артоа[10] во источниот.
Галерија на места и знаменитости
[уреди | уреди извор]- ’Ртот Гри Не
- ’Ртот Блан Не
- Национален морски центар „Наусика“
- Главниот плоштад на Арас
- Гробиштата „Богородица Лоретска“
- „Слободата како го води народот“ трајно изложена во Лувр-Ланс
- Бункерот Еперлек
- Тотова батерија, Оденган
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 мај 2022.
- 1 2 Populations légales 2019: 62 Pas-de-Calais, INSEE
- ↑ Jackson, Mark (1 септември 2021). „Colt and Getlink to Deploy New Fibre Optic Network via Channel Tunnel“. ISPreview UK (англиски). Посетено на 12 септември 2021.
- ↑ „Canadian National Vimy Memorial, France“. The Great War UK. 2015. Посетено на 31 март 2017.
The ridge runs in a direction from Givenchy-en-Gohelle in the north-west to Farbus in the south-east.
- ↑ Hakim, Joy (1995). A History of Us: War, Peace and all that Jazz. New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-509514-6.
- ↑ „Discovery of Coal“. Ville de Lens. Архивирано од изворникот на 21 март 2018. Посетено на 1 август 2015.
- ↑ „Historique du Pas-de-Calais“. Le SPLAF.
- ↑ „Évolution et structure de la population en 2016“. INSEE.
- ↑ „Décret no 91-1161 du 7 novembre 1991 portant création et organisation provisoire de l'université du Littoral“. legifrance.gouv.fr.
- ↑ „Décret no 91-1160 du 7 novembre 1991 portant création et organisation provisoire de l'université d'Artois“. legifrance.gouv.fr.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Па де Кале“ на Ризницата ? |
- Вики посветено на Па де Кале Архивирано на 1 март 2017 г. (француски)
- Мрежно место на префектурата (француски)
- Мрежно место на департманскиот совет (француски)
- Туристички портал на Па де Кале (англиски)
- Краток регионален туристички водич (англиски)
- Грбови на општините во Па де Кале (англиски)
|