Паљанска Миљацка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Паљанска Миљацка, порано позната како Паоштица [1][2] е составен дел на реката Миљацка. Извира на локацијата Беговина кај Пале. Името го добила по градот Пале во чија близина извира. Долга е 12,9 километри. Со најдолгиот дел од својот тек тече низ општина Пале, а на границата на општина Пале и општина Источен Стари Град се сретнува со Мокрањска Миљацка. Се нарекува Миљацка кај Булог и Довлиќ.

Одлики[уреди | уреди извор]

Извира на надморска височина од 1.010 м, а со Мокрањска Миљацка се соединува на надморска височина од 624 м.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вјекослав Клаић: Становништво Босне и Херцеговине
  2. Мојсије Ђерковић: Пале и Паљани стр. 438
  3. „Територија општине Пале“ (ср). Општина Пале. 2009. Архивирано од изворникот на 15. 3. 2012. Посетено на 8. 12. 2011.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Литература[уреди | уреди извор]

  • Мала енциклопедија Просвета (3. изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2. Отсутно или празно |title= (help)
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)