Пајонска свештеничка (скулптура)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пајонска свешеничка
25p
Општи податоци
Типскулптура
МестоМузеј на Македонија
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Завршена25 август 2009
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектСретко Јовановски
Пајонската свештеничка на мостот „Око“

Пајонската свештеничка е бронзена скулптура посветена на пајонска свештеничка, пронајдена на некрополата Лисичин Дол на валандовското археолошко наоѓалиште Исар-Марвинци. Автор на скулптурата е Сретко Јовановски.

Уметничко дело е засновано на вистински артефакти. Скулптурата е висока три метри. Свештеничката е елегантна, тенка, висока, со глава крената кон Сонцето.

Скулптурата почна да се изработува со донација од 5.000 евра од исландска банка, а со тие парите е излеана мала фигура на свештеничката. Монументалната верзија ја финансираше Министерството за култура со 1,5 милион денари. Скулптурата е леана во леарница во Смедерево. Со постаментот скулптурата е висока 3,5 метри.

Првично, скулптурата Пајонска свештеничка е поставена во дворот на Музејот на Македонија,[1] а потоа е преместена на мостот „Око“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]