Пајаковидни мајмуни
Пајаковидни мајмуни | |
---|---|
Кафеавоглав пајаковиден мајмун (Ateles fusciceps robustus). | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Primates |
Подред: | Haplorrhini |
Инфраред: | Simiiformes |
Парворед: | Platyrrhini |
Семејство: | Atelidae Gray, 1825 |
Родови | |
Пајаковидните мајмуни (латински: Atelidae) образуваат семејство на широконосни мајмуни (Platyrrhini). Семејството вклучува околу 30 современи видови, распространети исклучиво во Новиот Свет.
Опис
[уреди | уреди извор]Пајаковидните мајмуни (понекогаш наречени и дрекавци) се најголемите мајмуни во Америка: тежината на возрасните единки изнесува 4–10 кг. Должината на телото е 24–65 cm, опашката е долга 55–90 cm.[1] Женките се нешто поголеми и потешки од мажјаците. Оголеното подрачје на долната страна од врвот на опашката е прекриено со кожни ритчиња, благодарение на кои се постигнува жилавост. Предните екстремитети се подолги од задните, а кај некои примероци се речиси еднакви. Палецот на раката отсуствува или е редуциран (го има само кај волнените мајмуни); палецот на стапалото е развиен. Крзното е долго и различно обоено.
Распространување
[уреди | уреди извор]Ги населуваат шумите на Средна и Јужна Америка. Ареалот на север е ограничен со јужните региони на Мексико, а на југ со централен Бразил и Боливија.
Начин на живеење
[уреди | уреди извор]Живеат на дрвја движејќи се по пат на полубрахијација со прикачување на предните екстремитети и прехензивната опашка. Активни се во текот на денот. Се држат во семејни групи или стада до 100 единки. Се исхрануваат со растителна и животинска храна; претпочитаат овошје, семиња и листести растенија. Освен тоа, во исхраната употребуваат и јајца од птици.
Одредена сезона на размножување отсуствува. Бременоста трае 225-230 дена. Дрекавците се одликуваат со ниска плодност: раѓаат само едно младенче кое првите две-три години е покрај мајката. Од 4-5 месеци тие започнуваат да јадат растителна храна. Женките се пораѓаат секои 3-4 години. Пајаковидните мајмуни живеат во семејства чија бројност достигнува и до 30 единки кои често се групираат во помали групи од по 3-4 животни. Мажјаците се поагресивни од женките и се водачи. Мајките се занимаваат со груминг на своите млади. Се движат на две и четири екстремитети.
Систематика
[уреди | уреди извор]Во ова семејство има две потсемејства:
- Alouattinae, каде припаѓа единствениот род — дрекавец (Alouatta);
- Atelinae, каде има 4 рода:
- пајаковидни мајмуни или коати (Ateles) — 7 вида;
- мирики или брахителеси (Brachyteles) — 2 вида;
- волнени мајмуни (Lagothrix) — 4 вида;
- Oreonax — 1 вид (Oreonax flavicauda).
Литература
[уреди | уреди извор]- Groves, Colin (16 November 2005). in Wilson, D. E., and Reeder, D. M. (eds): Mammal Species of the World, 3rd edition, Johns Hopkins University Press, 150—152. — ISBN 0-8018-8221-4.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Пајаковидни мајмуни[мртва врска], статија од Големата советска енциклопедија.