Паѓачки списочник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Паѓачки списочник со генерички ставки

Паѓачкиот списочник (англ. drop-down list) е графички контролен елемент, сличен на списочникот, што им овозможува на корисниците да изберат една вредност од списокот. Кога паѓачкиот списочник е неактивен, тој прикажува само една вредност. Кога е активен, прикажува (паѓа) список на вредности, од кои корисниците може да изберат една. Кога корисникот избере нова вредност, контролата го враќа во неговата неактивна состојба прикажувајќи ја избраната вредност. Често се користи во дизајн на графички кориснички интерфејси, вклучувајќи го и веб-дизајнот.


Погледајте и[уреди | уреди извор]