Пациенс (граматика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Пациенс)

Граматичкиот пациенс, или познат како цел или претрпител, е поим во семантиката со кој се означува дел од реченицата врз кој се врши дејството.[1] Пациенсот, како што е разликуван од темата, мора да претрпи промена на состојба. Темата е означена од статичен глагол, а пациенсот од динамичен глагол. Пациенс е исто така поим со кој се опфаќа тематскиот однос со погорната дефиниција.

Теорија[уреди | уреди извор]

Во најтипичните случаи, ситуацијата е искажана преку реченицата, дејството преку глаголот во реченицата, а пациенсот преку именска фраза. Така на пример, во реченицата „Томе ја шутира топката“, 'топката' е пациенс. Кај некои јазици, пациенсот е деклиниран по падежи или означен за да ја искаже граматичката функција. Во јапонскиот, на пример, пациенсот има наставка o (на хирагана を) кога се користи со активни преодни глаголи. Формално, македонскиот и англискиот немаат посебни наставки за бележење на пациенсот.

Пациенсот е често помешан со директниот предмет во реченицата, но сепак ова се два различни поима. Првиот се заснова на неговиот однос со глаголот, а вториот се заснова на односот со подметот. За илустрација ќе ја земеме реченицата „Томе ја шутира топката“ и нејзината пасивна форма „Топката е шутирана од Томе“. Во активната реченица, „топката“ е пациенс и директен предмет во реченицата, а кај пасивната истиот збор е и пациенс и подмет во реченицата.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Memidex.com[мртва врска] Retrieved 2012-07-24.

Поврзано[уреди | уреди извор]