Пат околу светот (филм од 1964)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Пат околу светот“ (српски: Пут око света) – југословенски филм од 1964 година, во режија на Соја Јовановиќ, заснован врз делото „Патот околу светот на Јованче Мициќ“ на Бранислав Нушиќ. Главните улоги ги толкуваат: Миодраг Петровиќ-Чкаља, Раде Марковиќ, Дара Чалениќ, Вера Ѓукиќ, Михајло Бата Паскаљевиќ, Оливера Марковиќ и Оливера Катарина.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Јованче Мициќ, трговец од Јагодина тргнува на пат околу светот. Патем, тој доживува бројни авантури и учествува во разни настани во земјите во кои престојува. Така, во Пешта стапува во измислен брак, а на Дивиот запад е жртва на еден напад на поштенска кочија по што тој станува шериф. Понатаму, тој е заробен од гусари, станува купувач на девојки на дворот во Кина, престојува во еден харем во Персија и најпосле, триумфално се враќа во Јагодина.

Наводи[уреди | уреди извор]