Вартоломеј I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Патријарх Вартоломеј I)
Прејди на: содржини, барај
Вартоломеј I
Цариградски патријарх
Bartolomew I.jpg
Црква Цариградска патријаршија
Ракоположен 2 ноември 1991
Службата завршила во служба
Претходник Патријарх Деметриос I
Лични податоци
Световно име Деметриос I
Роден 29 февруари 1940 (1940-02-29) (воз. 75 г.)
Имброс, Турција
Националност Грк
Вероисповед Православие
Живеалиште Цариградска патријаршија, Фенер, Истанбул, Турција
Занимање Патријарх
Занимање Теолог
Pope Franciscus & Patriarch Bartholomew I in the Church of the Holy Sepulchre in Jerusalem (1).JPG

Екуменскиот Патријарх Вартоломеј I (грчки: Βαρθολομαίος Α) - роден Demetrios Archontonis Δημήτριος Αρχοντώνης на 29 февруари 1940 во ИмбросЦариградски патријарх и „прв меѓу еднаквите“ од 2 ноември 1991 година[1][2][3][4].

Тој е роден на Имброс, турски остров во Егејско Море. Има турско државјанство, но е припадник на малото етничко-грчко малцинство во Турција. Течно говори турски, грчки, латински, француски, англиски, италијански и германски јазик.

Како екуменски Патријарх тој е меѓународно активен. Една од неговите првични работни задачи била обновувањето на еднаш прогонетите Источно-православни Цркви во поранешниот Источен Блок после падот на комунизмот во деведесетите години на 20 век. Со таа цел работел за да придонесе за зацврстување на врските меѓу повеќето национални Цркви и Патријархии. Исто така, го продолжи и помирувачиот дијалог со другите религии, вклучително и другите Христијански, Исламски и Еврејски секти. Невообичаено и интересно, се здоби и со репутација на активен екологист преку вклучувањето на неговата Патријаршија во бројни меѓународни еколошки каузи и програми. Ова му го донесе и прекарот „Зелениот Патријарх“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ecumenical Patriarch Bartholomew: insights into an Orthodox Christian worldview (2007) John Chryssavgis International Journal of Environmental Studies, 64, (1);pp: 9 - 18
  2. Ecumenical Patriarch of the Worldwide Orthodox Christian Church Meets with American Bible Society Leaders“, Religious News Service, 17 јули 2007.
  3. American Bible Society Sees Potential in Blossoming Greek Orthodox Relations“, The Christian Post, 23 јули 2007.
  4. The Patriarch“, Time, 29 јули 2007.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]