Патот на оружјето (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Патот на оружјето (англиски: The Way of the Gun) - американски филм од 2000 година, во режија на кристофер Мек Квори, кој е автор и на сценариото. Во главните улоги настапуваат: Рајан Филипе, Бенисио Дел Торо, Џулиет Луис и Џејмс Кан.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Криминалците Паркер (го игра Филипе) и Лонгбау (го игра Дел Торо) дознаваат дека на една девојка (ја игра Луис) ќе ѝ бидат исплатени многу пари за да биде сурогат-мајка. Затоа, тие се договараат да ја грабнат девојката и за неа да бараат откуп. Меѓутоа, идните родители на бебето, исто така, се криминалци и започнуваат потрага по нив, следејќи ги дури до Мексико...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „HRT (пристапено на 24.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2017-11-23.
  2. „HRT (пристапено на 24.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2017-11-23.