Патот на запад (филм)
Изглед
„Патот на запад“ (англиски: The Way West) — американски филм од 1967 година, во режија на Ендру Маклејглен. Главните улоги ги толкуваат: Роберт Мичам, Кирк Даглас и Ричард Видмарк.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Во средината на 19 век, од брегот на реката Мисури заминуваат бројни каравани со луѓето кои сакаат да започнат нов живот на Дивиот Запад. Еден караван го предводи поранешниот сенатор Вилијам Тедлок, човек со непоколеблив карактер, кој сонува да изгради нов град во Орегон. За водич на караванот, тој го избира искусниот извидник Дик Самерс, кој по смртта на сопругата води повлечен, осамен живот, но ја прифаќа понудата на Тедлок, зашто во неа гледа предизвик. Минувајќи низ индијанските земји, караванот се соочува со бројни искушенија...
Наводи
[уреди | уреди извор]Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |