Патен сообраќај
Патен сообраќај или копнен сообраќај — движење на луѓе, предмети, енергија и информации од едно место на друго со искористување на патишта. Патниот сообраќај е еден од најчестите видови сообраќај и е од посебно значење затоа што се користи како дополнителен сообраќај на поморскиот и железничкиот. Главна конкурентска предност на овој вид на превоз е високата еластичност и флексибилност.
Сообраќајна дејност
[уреди | уреди извор]Нерамномерната распределба на природните богатства и различните услови за производство ја предизвикале потребата стоките да се пренесуваат од едно на друго место, т.е од местото на производство воместото на потрошувачите. Така настанале првите размени, а со тоа и патничкиот сообраќај. Како општествена дејност, патничкиот сообраќај има голема улога и значење придонесувајќи да се остварат контакти помеѓу луѓето, а со тоа и пренос на економски и технолошки придобивки. Под поимот сообраќај се подразбира пренос на материјални добра. Пошироката дефиниција, покрај материјалните добра, опфаќа превоз на луѓе и информации. Сообраќајната дејност претставува продолжување на произвотствениот процес преку превезување на готови производи до потрошувачите.
За спроведување на патничкиот сообраќај потребна е транспортна инфраструктура во која спаѓаат: патиштата, градежни објекти и уреди за врски. Од гледна точка на претпријатијата постојат два вида на патен сообраќај, и тоа: внатрешен (сообраќај во рамките на самото претпријатие) и надворешен (од претпријатието до потрошувачите). Притоа, во современата надворешно-трговска размена големо влијание имаат превозните трошоци. Од висината на превозните трошоци најчесто зависи која стока и од која земја ќе се извезува. Системот на превезување претставува физичка врска којашто ги поврзува потрошувачите на едно претпријатие, снабдувачите на суровини, фабриките (производните погони), складиштата и членовите на каналот, т.е. сите фиксни точки во рамките на логистичкиот снабдувачки синџир. Со движењето на добрата и производите од една до друга точка, патничкиот сообраќај создава просторна корист. Сообраќајното работење се манифестира преку извршувањето на задачи за преземање, внатрешен превоз и испорачување на стоките.
Природата на патниот транспорт на стоки зависи, покрај степенот на развој на локалната инфраструктура, од растојанието на кое стоката се транспортира по пат, тежината и волуменот на поединечната пратка и видот на транспортираната стока. За кратки растојанија и лесни мали пратки, може да се користи комбе или пикап. За големи пратки, дури и ако се помалку од полн товар, камион е посоодветен. Во некои земји товарот се транспортира по пат во кочии со коњи, коли со магариња или друг немоторизиран начин. Услугите за достава понекогаш се сметаат за посебна категорија од товарниот транспорт. На многу места, брзата храна се транспортира по патишта со различни видови возила. За достава на мали пакети и документи во центарот на градот, велосипедските курири се доста чести.
Луѓето се транспортираат по патишта. Посебни начини на индивидуален транспорт по пат, како што се велосипедски рикши, исто така може да бидат достапни локално. Исто така, постојат специјализирани начини на патен транспорт за одредени ситуации, како што се амбулантни возила.