Патас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Патас
Patas Monkey Jr.jpg
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Подред: Сувоносни мајмуни
Семејство: Старосветски мајмуни
Род: Патаси
Труесар, 1897
Вид: Патас
Биномен назив
Erythrocebus patas
(Шребер, 1775)
Распространетост

Патас или гусарски мајмун (науч. Erythrocebus patas) — наземен мајмун од полусувите предели на Западна и дел од Источна Африка. Ова е единствениот вид од родот патаси (Erythrocebus). Последните филогенетски наоди покажуваат најблиско сродство со зелениот мајмун или „вервет“ (Chlorocebus aethiops), што укажува на потребата од прекласификација.

Ова животно може да се види во Зоолошката градина во Скопје.[2]

Таксономија[уреди | уреди извор]

Бројот на подвидови на патасот сè уште не е сосема утврден. Според едни извори постојат четири подвида,[3] а според други, само два: обичниот патас (Erythrocebus patas patas) со црн нос и ниснасот (Erythrocebus patas pyrrhonotus) со бел нос, кој живее на исток.

Изглед[уреди | уреди извор]

Мало мајмунче.

Мајмунот има должина од 60 см до 87 см, не сметајќи ја опашката, која е долга 75 см. Мажјаците се значително поголеми од женките кои имаат должина од 49 см..[4] Возрасните мажјаци се во просек 12,4 кг додека возрасните женки се 6,5 кг, што покажува висок степен на полов диморфизам.[4] Патасот е најбрз од сите примати, достигнувајќи брзина од 55 км/ч.[5]

Животниот век во дивината може да трае до околу 20 години.[4]

Поведение[уреди | уреди извор]

Поштење — друштвено поведение.

Живеат во групи до 60 единки, со повеќе женки и по еден возрасен мажјак. Забележани се и многу поголеми групи.[6] За време на сезоната за парење, во групата доаѓаат повеќе мажјаци. Кога мажјакот ќе достигне полова зрелост (обично на возраст од 4 години), ја напушта групата и преминува во група од исклучиво машки единки. Возрасните женки во групата решаваат кога групата треба да се движи, а мажјаците ги следат.[6]

Тревожни огласувања[уреди | уреди извор]

Овие мајмуни имаат неколку различни тревожни огласувања со кои ги предупредуваат другите на опасност. Огласувањата се разликуваат според единката што ги оддава (возрасна женка, возрасен мажјак, младо итн.), како и според типот на грабливец кој ги демне. За разлика од другите примати, патасите ретко бегаат од непријатели по дрва, што веројатно се должи на тоа што средината им е оскудна со висока растителност. Во случај на опасност, ес бранат со бегање, а некои единки знаат да напаѓаат непријатели како шакали и диви мачки. Ова важи како за мажјаците, така и за женките.[7]

Живеалиште[уреди | уреди извор]

Патасот избегнува густи шуми и живее на поотворени савани и полупустини. Има извонредно голема родност, што веројатно е еволутивно решение за големата стапка на смртност со која се соочуваат поради наземниот живот.[8]

Исхрана[уреди | уреди извор]

Овие мајмуни се хранат со инсекти, смола, семки и кореништа, што впрочем е посвојствено за помалите примати.[9]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Erythrocebus patas. IUCN Red List. Version 2008. International Union for Conservation of Nature. 2008. Посетено на 4 January 2009.
  2. „Патас“. Зоо Скопје. Посетено на 23 јули 2015.
  3. Kingdon 1997, стр. 57–58
  4. 4,0 4,1 4,2 Kurt J. Gron (2006), Primate Factsheets: Patas monkey (Erythrocebus patas) Taxonomy, Morphology, & Ecology. Accessed 2018 July 23. Q.v. for references.
  5. Arsuaga & Ignacio 2006, стр. 18
  6. 6,0 6,1 Hall 1965, стр. 15–87
  7. Enstam & Isbell 2002.
  8. Isbell et al. 2009, стр. 103–124
  9. Isbell 1998, стр. 381–398

Книжевност[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]