Прејди на содржината

Пасторала (Ѓорѓи Андонов)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пасторала
Творец Ѓорѓи Андонов
Година 1915
Димензии 120 см × 150 см
Место Национална галерија на Македонија, Скопје

Пасторала – слика од Ѓорѓи Андонов. Сликата била насликана во 1915 година по нарачка на учителот Пано Коцев од Ваташа.[1]

„Пасторала“ e единственото негово познато профано дело. Нарачателот побарал да се наслика првиот чин од театарската пиеса „Македонска крвава свадба“, од Војдан Чернодрински. Андонов насликал вистинска селска идила во која сè e смирено, ведро и искрено. Во преден план се насликани овчарот кој свири на кавал покрај своето стадо, три женски и еден машки лик, облечени во празнична селска облека, жените жнеат со српови, а мажот врзува снопје, овчарско куче и лулка со дете. Ѓорѓи Андонов насликал пасторална композиција во која повеќе од очигледно е влијанието од иконописот и живописот од XIX век. Влијанието од црковното сликарство е очигледно и врз пејзажот, а нежниот колорит во кој е обвиткана целата композиција дава атмосфера на еден летен, селски работен ден во Македонија.[1]

  1. 1 2 „МАКЕДОНСКО ПРОФАНО СЛИКАРСТВО (XIX – почеток на XX век)“ (PDF). Национална галерија на Македонија. 2013. Посетено на 19 јануари 2025.