Пасош за Пимлико
Изглед
„Пасош за Пимлико“ (англиски: Passport to Pimlico) – филм на режисерот Хенри Корнелиус (Henry Cornelius) од 1949 година, снимен по сценариото на Т. Е. Б. Кларк (T. E. B. Clarke). Главните улоги ги играат: Стенли Холовеј (Stanley Holloway), Бети Ворен (Betty Warren) и Барбара Мари (Barbara Murray). Во 1950 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобро сценарио, а исто така бил номиниран и за БАФТА во категоријата најдобар британски филм.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Жителите на еден дел од Лондон прогласуваат независност, откако откриваат една стара спогодба. Поради тоа, наеднаш настанува потреба за „пасошот за Пимлико“...