Парче од синото небо
„Отпишаните“ (српски: Парче плавог неба) – југословенски филм од 1961 година, во режија на Тома Јањиќ. Главните улоги ги толкуваат: Рахела Ферари, Павле Вуисиќ, Оливера Марковиќ, Милан Срдоч, Петре Прличко итн.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Едно парче од синото небо — тоа е сè што можат да видат жителите на една зграда во која живеат луѓе кои се радуваат, се караат и непотребно си го загорчуваат животот. Чеда (го игра Вуисиќ), кој ноќе ги мие улиците, пие за да ги заборави грижите, но сепак ги сака жената и децата кои страдаат поради неговиот алкохолизам. Нивниот потстанар, Бора, одгледува диви гулаби кои пак му пречат на брачниот пар Кнез (ги играат Ферари и Срдоч), а госпоѓата Кнез е полна со комплекси поради неостварените желби. Тука живеат и симпатичниот старец Филип (го игра Прличко), кој се грижи за децата и ги храни гулабите на Бора, како и малиот Миша (го игра Миладиновиќ), парализирано дете кое од балконот учествува во секоја детска игра. Понатаму жувее Жужа, жена со сомнително занимање, која ја издава собата и бара маж. Тука е и сликарот (го игра Курузовиќ) со својата жена Мица (ја игра Бељакова), а наспроти нив е студентката Љиља (ја игра Палинка) која често се сонча во бикини и така ги збунува сликарот и останатите соседи. Најпосле, тука се и другите жители: милиционерот (Перковиќ), судијата за прекршоци и другите. Филмот е приказна за човечкиот оптимизам...
Наводи
[уреди | уреди извор]![]() | Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Никулци за филм
- Југословенски филмови
- Српски филмови
- Црно-бели филмови
- Филмови на српски јазик
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови од 1961 година
- Филмови на Тома Јањиќ
- Филмови со Рахела Ферари
- Филмови со Павле Вуисиќ
- Филмови со Оливера Марковиќ
- Филмови со Петре Прличко
- Филмови со Борис Краљ
- Филмови со Милан Срдоч
- Филмови со Нада Шкрињар
- Филмови со Васа Пантелиќ
- Филмови со Татјана Бељакова
- Филмови со Томо Курузовиќ
- Филмови со Бранислав Миладиновиќ
- Филмови со Аленка Ранчиќ
- Филмови со Олга Палинка
- Филмови со Гордана Сибинкиц
- Филмови со Раде Перковиќ