Партски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Партското Царство во својот најширок опсег

Партски јазикизумрен јазик од северозападната група ирански јазици, на кој зборувале древните Парти, жителите на античката област Партија. Партскиот јазик рано дошол во допир со тогашните источноирански јазици, што може да се види во некои заемки.[1] Писмо со кое се бележел партскиот јазик било пахлави.

Бил еден од официјалните јазици во Партското Царство, со кое владеела династијата Арсакиди. Со смената на династијата во 224 година и создавањето на Сасанидското Царство, дошло до смена на јазиците — партскиот јазик како службен јазик бил заменет со средноперсискиот. Ретки се споменици со партски јазик и опфаќаат натписи од времето на Партското Царство и билингвални (партско-среднооперсиски) натписи од времето на Сасанидите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Lecoq P. 1983. Aparna, Encyclopedia Iranica 1. Costa Mesa: Mazda Pub.