Партизански гробишта (Охрид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Партизански гробишта
Партизанските гробишта во Охрид
Податоци
Основани1956
МестоГаличица, Охрид
ЗемјаМакедонија

Партизанските гробишта во Охрид — гробишта кои се наоѓаат на падините на планината Галичица, односно во пределот над Билјанини Извори кој го носи името Студенчишта. Секој гроб е обележан со пирамида од бел мермер на која е испишано името на секој борец. Во средината на алејата се наоѓа мермерна плоча пред која се положуваат венци и цвеќиња.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ѓорги Трајковски. Преглед на спомениците и спомен-обележјата во СР Македонија. „Републички завод за заштита на спомениците на културата“, Скопје 1986. година, 111. стр.