Партизански гробишта (Крушево)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алејата на великаните
Централната скулптура

Партизански гробишта во Крушево — дел од градските гробишта во Крушево, во пределот наречен Алеја на великаните. Се состои од две парцели на кои во индивидуални гробови се погребани 20 паднати борци на НОВЈ од Крушево и околните села. Сите гробови се изградени од бетон, а на секој е поставена метална надгробна плоча со нивното име. На горниот дел, во центарот на алејата, е поставена скулптура од бел цемент, пред која има три метални плочи со список од вкупно 72 паднати борци од Крушево и околината.[1] Меѓу нив е и народниот херој од Крушево Манчу Матак.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ђорђи Трајковски. Преглед на спомениците и спомен-обележјата во СР Македонија. „Републички завод за заштита на спомениците на културата“, Скопље 1986. година, 110. стр.