Партениј Зографски (манастир)
- Ова е статија за манастир. За деецот со исто име видете Партениј Зографски
Поглед на манастирот | |
| Информации | |
|---|---|
| Целосно име | Дојрански манастир „Партениј Зографски“ |
| Други имиња | Манастир „Св. Марија Магдалена“ |
| Манастир на: | МПЦ - ОА |
| Основан | 2001 |
| Посветен на | Света Марија Магдалена |
| Епархија | Струмичка |
| Цркви | „Св. Марија Магдалена“, „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“ и „Св. Царско Семејство Романови“ |
| Личности | |
| Основач (и) | Струмички митрополит Наум |
| Игумен | сестра Февронија |
| Место | |
| Место | Стар Дојран, Општина Дојран |
| Координати | 41°11′16″N 22°43′11″E / 41.18778°N 22.71972°E |
| Видливи остатоци | три цркви, конаци, помошни објекти |
| Отворен за јавноста | делумно |
| Други информации | (Дојранска парохија) |
Партениј Зографски или Дојрански манастир — манастир во југоисточниот дел на Македонија, во селото Стар Дојран.
Тој претставува женски манастирски комплекс и бил основан во 2001 година од страна на Струмичкиот митрополит Наум.
Посветен е на големиот македонски светогорски монах од манастирот Зограф, еден од најобразуваните Македонци во XIX век и еден од најголемите ерудити на Балканот воопшто во тоа време, прв македонски епископ хиротонисан од Патријаршијата, преродбеник, поборник за воведување на црковно-словенскиот јазик во богослужбите, учебникар, писател и учител којшто го вовел македонскиот народен јазик во училиштата, проповедник и духовник.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа на повисок терен од главниот пат низ Стар Дојран, сместен меѓу куќите во населбата.
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот е основан во 2001 година.
Монаштво
[уреди | уреди извор]Манастирот е женски и во него на почетокот на 2001 година од Вељушкиот манастир дошле првите две монахињи. Старешина на манастирот е сестра Февронија. Сестринството е мало и типикот на манастирот е од затворен карактер. Тоа значи дека посетителите можат да ја посетат главната манастирска црква „Св. Марија Магдалена“ и таа посветена на Светото Семејство Романови, додека конаците и малата црквичка посветена на „Св. Максим Исповедник и на Св. Григориј Палама“ спаѓаат во монашкиот затворен простор. Иконописот и плетењето бројанички, како и изработката на мали и уникатни монашки ракоделија е главното послушание меѓу часовите за молитвено тихување и богослужбите.
Градби
[уреди | уреди извор]Во склоп на манастирот влегуваат три цркви, конаци и помошни објекти.
Црква „Св. Марија Магдалена“
[уреди | уреди извор]Ова е главната манастирска црква.
Црква „Св. Максим Исповедник и Св. Григориј Палама“
[уреди | уреди извор]Ова е манастирска црква во затворениот дел.
Црква „Св. Царско Семејство Романови“
[уреди | уреди извор]Ова е манастирска црква.
Конаци
[уреди | уреди извор]Во манастирот има еден главен конак.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Помошниот објект
- Портата
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Партениј Зографски (манастир) на Ризницата ?