Парозо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парозо

Парозо или панрозо е традиционална торта од регионот Абруцо во Италија. Традиционално се служи како Божиќен десерт, но може да се јаде и во текот на целата година.

Парозо е официјална препознаена како традиционален пренхранбен производ на Абруцо.

Потекло[уреди | уреди извор]

Парозо била измислена во 1920 година од Луиџи Д'Амико,сопственик на пекара во Пескара.Д'Амико сакал да создаде торта што ќе потсеќа на традиционалниот груб леб којшто го правеле локалните фармери со пченкарно брашно.Parrozzo има иста тркалезна форма како лебот, содржи јајца за да ја имитира жолтата боја на пченката и е покриен со слој на темно чоколадо што потсеќа на изгорената површина на лебот.

Првата личност што ја пробала Парозо бил поетот Габриеле Д'Анузио.Подоцна напишал мадригала наречена "La Canzone del Parrozzo" (Песната на Парозо),напишана на Абруциски дијалект.

Состојки и подготовка[уреди | уреди извор]

Тестото од парозо се прави од гриз (алтернативно жолто или бело брашно со пченкарен скроб), шеќер, јајца, мелени бадеми, екстракт од бадем и кора од портокал или лимон. Сите состојки се мешаат и се печат во кружен алуминиумски плех. Кога колачот ќе се излади, се вади од плехот и се покрива со растопено темно чоколадо.