Парламентарни избори во Турција (2011)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Парламентарни избори во Турција
Турција
2007 ←
12 јуни 2011

550 места во турскиот Парламент
276 освоени места места за мнозинство
Излезност 83.16% ( 1.09)
  Прва партија Втора партија Трета партија
  Recep Tayyip Erdogan 2010.jpg Kemal Kilicdaroglu.png Devlet Bahçeli VOA 2015 (cropped).jpg
Водач Реџеп Таип Ердоган Кемал Киличдароглу Девлет Бахчели
Партија Партија на правдата и развојот Републиканска народна партија на Турција Партија на националистичко движење
Водач од 2001 2010 1997
Водачко место Истанбул Истанбул Османие
Последни избори 341 места, 46,58% 112 места, 20,88% 71 sместо, 14,27%
Претходни места 331 102 72
Освоени места 327 135 53
Промена во местата 4 33 19
Добиени гласови 21.399.082 11.155.972 5.585.513
Удел 49,83% 25,98% 13,01%
Придобиени 3.25% 5,10% 1,26%

2011 Turkish general election.png

Партија која победила по провинција
Жолта боја=Партија на правдата и развојот
Црвена боја=Републиканска партија
Зелена=Партија на национално движење
Сина=Независни кандидати

премиер пред изборите

Реџеп Таип Ердоган
Партија на правдата и развојот

Избран за премиер

Реџеп Таип Ердоган
Партија на правдата и развојот

Парламентарните избори во Турција се одржиле на 12 јуни 2011 година. За 550 пратенички места се бореле 7.600 кандидати. Право на глас во Турција имале 50 милиони од вкупно 72 милиони жители.

Предвидување[уреди | уреди извор]

Исламската конзервативна партија на премиерот Реџеп Таип Ердоган се очекувало да победи третпат по ред на парламентарните избори во Турција кои се одржиле на 12 јуни 2011. Според турските аналитичари, партијата претставува економска и политичка стабилност за Турција, нешто кое според нив, опозицијата тешко можела да го направи. Според анкетите, Партијата на Правдата и Развојот, која од 2002 година е на власт во Турција повторно ќе издвои победа. Според сите анкети, на изборите, партијата на премиерот Реџеп Таип Ердоган би добила од 46 до 48 % од гласовите, речиси исто како и пред четири години. За Социјалдемократската Партија, која има секуларистичка програма, се сметало дека ќе добие 30% од гласовите.

Околу 30 кандидати се независни, но, тие се поддржани од главната партија на Курдите, Партија за мир и демократија, која исто така се очекувало да биде дел од Парламентот. Во текот на кампањата Ердоган ветил дека до 2023 ќе отвори нов канал, паралелен со тој на Босфор. Тој исто така високо ги истакнал економските достигнувања на Турција, која во 2010 година имала економски раст од 8.9%.

Изборна кампања[уреди | уреди извор]

Во изборната кампања учествувале 15 партии, но поголем број од нив не добиле подршка за изборен цензус од 10 % од гласовите. Прокурдската Партија на мирот и демократијата (БДП), преку независни пратеници се обидела да влезе во Парламентот.

Во исто време, Министерството за внатрешни работи и Дирекцијата на полицијата во Турција испратиле предупредување до општините и силите за безбедност во црноморските окрузи за опасноста од терористички напади од Курдската работничка партија (ПКК) пред парламентарните избори.

Анализа[уреди | уреди извор]

Иако АКП го зголемила процентот на своите гласови за скоро 4 % од изборите во 2007 година, поради парламентарната аритметика АКП изгубила 15 места, поради што не го достигнала „супер мнозинството“ од 330 пратеници, кое ќе й овозможело на партијата да изгласа уставни измени и да ги прати на референдум за конечна одлука.

Подобрувајќи ја својата позиција, Републиканската народна партија (ЦХП) завршила на второто место со 26 % од гласовите или 135 места, или 23 места повеќе од минатиот пат. Партијата на националистичка акција (МХП) освоила 13 % од гласовите, односно 54 места, што е намалување за 17 места, навидум без да претрпи штета од секс-скандалите кои довеле до оставка на десет високи партиски членови. Друг голем победник бил прокурдската Партија на мирот и демократијата (БДП), која освоила дополнителни десет места во парламентот.

Од преку 50.000.000 гласачи со право на глас, околу две третини од населението, 84,5 % излегле на гласање.