Парк на резервистите

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Парк на Резервистите)
Парк на резервистите
Фонтана во паркот
Карта
Видјавен
МестоЛима, Перу
Координати12°04′15″S 77°02′00″W / 12.07083° ЈГШ; 77.03333° ЗГД / -12.07083; -77.03333
Површина8 хектари
Создаден1929
СтопанисувачМетрополитенска општина Лима
Статусотворен е цела година

Паркот на резервистите (шпански: Parque de la Reserva) е парк во центарот на Лима во Перу. Паркот има неправилна форма и се наоѓа помеѓу двете главни сообраќајници во Лима, авенијата Арекипа и Пасео де ла Република.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Паркот има површина од 8 хектари и е изграден во неокласичен стил. Паркот бил дизајниран од францускиот архитект Клод Саут и во него се наоѓаат голем број скулптури од познати перуански уметници.[2]

Пред да биде изграден паркот, земјиштето било дел од соседниот Изложбен парк, пред да бидат изградени авенијата 28 јуло и улицата Ларабуре и Унануе. Во 1926 година започнале градежните работи по нааредба на претседателот Аугусто Б. Легиа. Името на паркот е во чест на резервните сили кои се бореле во Битката во Сан Хуан и Чорилјос, како и Битката во Мирафлорес (двете дел од Тихоокеанската војна). Паркот бил завршен во 1929 година.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Google Maps“. Посетено на 2009-01-05.
  2. 2,0 2,1 „Circuito Mágico del Agua“. Архивирано од изворникот на 2008-03-14. Посетено на 2009-01-05.

Поврзано[уреди | уреди извор]