Парк Ибни Пајко

Од Википедија — слободната енциклопедија

Парк „Ибни Пајко“ — парк сместен во срцето на некогашното Пајко Маало, во просторот помеѓу Националната филхармонија и Даут-пашиниот амам, во близина на некогашната Ибни Пајкова џамија.[1]

Простор и зеленило[уреди | уреди извор]

Паркот „Ибни Пајко“ се простира на површина од околу 11.000 квадратни метри, а при изведбата на истиот, зачувани се старите 12, а засадени се нови 85 садници, од кои 50 се јавори, 32 се црн бор и 3 се метасеквоја. Истите се засадени во дрвореди кои се протегаат низ неколку насоки во паркот.

Останати содржини[уреди | уреди извор]

На ѕидот на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ изработен е мурал со наслов „Тамбурица“. Истиот е изработен од загрепскиот уличен уметник Лонац.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ДИВИОТ ПАРКИНГ ЗАД ФИЛХАРМОНИЈА СТАНА ПАРК ИБНИ ПАЈКО“. Сакам Да Кажам. 2019-06-10. Посетено на 2019-06-12.